Четири знаци дека вашата диета воопшто не функционира

Дали вашата диета функционира? Постои само еден начин да го дознаете ова, а тоа не е фактот што успеавте да ги облечете омилените фармерки. 

Cetiri znaci deka vasata dieta voopsto ne funkcionira 01

Вистинскиот показател за ефикасноста на диетите е како се чувствувате физички. Ако сте премногу опседнати со слабеењето, вашето тело страда.

Можат да се појават ненадејни промени во расположението, ниско ниво на енергија, дигестивни проблеми, нарушен имунитет...

Ова се четири знаци дека вашата диета воопшто не функционира:

Хроничен замор

Ако сте исцрпени и едвај можете да ги држите очите отворени во текот на денот, треба да обрнете внимание на исхраната, како и на животниот стил. Дали спиете најмалку седум часа навечер? Дали јадете здрави оброци кои ве снабдуваат со енергија во текот на денот? Веројатно ви недостасуваат протеини и витамини Д и Б12.

Дигестивни проблеми

Ако почнавте со нова диета и забележавте дека не одите често во тоалет, тоа не е добро. Ова значи дека или не јадете доволно храна или не јадете соодветна храна.

Најверојатно не внесувате доволно хранливи влакна за појадок, ручек или вечера.

Cetiri znaci deka vasata dieta voopsto ne funkcionira 02

Често сте болни

Ако постојано се борите со затнат нос, главоболка, замор или болка во грлото, веројатно исхраната влијае врз вашиот имунитет. 

Интензивна желба за одредена храна

Желбата за храна е начинот на кој вашето тело се обидува да ви каже дека ви недостигаат одредени хранливи материи. На пример, ако постојано ви се јаде нешто солено, веројатно имате недостаток на минерали во вашето тело. Солената храна е, исто така, начин на кој телото се справува со стресот.

Ако ви се јаде нешто слатко, можеби ви требаат повеќе протеини. Исто така, зголемената потреба за шеќер може да биде знак дека на вашето тело му се потребни и јаглехидрати.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg