Дневната исхрана на Кортни Кардашијан – Како после 3 деца нема проблем со вишок килограми?

Можеби не води најгламурозен живот од кланот Кардашијан, но дефинитивно е најприродната сестра која и покрај 3 деца успева да изгледа сосема солидно за свои години.

dnevnata-ishrana-na-kortni-kardashian-kako-posle-3-deca-nema-problem-so-vishok-kilogrami-01_resize.jpg

Кортни Кардашијан тврди дека никогаш немала проблеми со килограмите, а сега открива и зошто е тоа така.

Утрински шејк

Нејзиниот прв оброк, ако може така да се нарече, е смути со авокадо во кое задолжително додава мед и кокосово млеко.

Исто така наутро обожава и мача лате од мача прав и бедемово млеко, кое е замена за стандардното кафе.

Појадок

Мајката на три деца вели дека обожава да прави палачинки од банана или тиква, а на Инстаграм повеќепати го има објавено резултатот.

Ручек

Кортни практикува ручек со низок процент на јаглехидрати. Еден просечен ручек содржи тврдо варено јајце, авокадо, домати и свежа моцарела.

dnevnata-ishrana-na-kortni-kardashian-kako-posle-3-deca-nema-problem-so-vishok-kilogrami-03_resize.jpg

Грицки

Не практикува солени чипсови, но затоа обожава суви печива како француски кроасани.

Вечера

Кортни вели дека за вечера знае да подготви пилешки прсти печени во рерна со кокосово брашно и млеко од бадем.

Десерт

Позната е по тоа што се држи до здравите алтернативи на класични десерти, па затоа секогаш во фрижидерот ѝ се наоѓаат овошни јогурти со органско потекло, бадеми со црно чоколадо, сушено манго...

Омилен десерт ѝ е чиа пудингот со свежо овошје.

Вечерно смути

Како што го почнува денот, така и го завршува – со шејк со додаток на колаген и мелатонин.

dnevnata-ishrana-na-kortni-kardashian-kako-posle-3-deca-nema-problem-so-vishok-kilogrami-02_resize.png

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg