„Две години ја следам медитеранската диета – зошто сакам да продолжам со овој начин на исхрана?“

Џенифер од САД е воодушевена од резултатите од медитеранската диета, но и слободата што ја има при изборот на храна, па решила да го сподели своето искуство.

dve-godini-ja-sledam-mediteranskata-dieta-zoshto-sakam-da-prodolzham-so-ovoj-nachin-na-ishrana-01.jpg

Џенифер Бартон е млада мајка од САД која две години ја следи таканаречената медитеранска диета. Восхитена од резултатите, Џенифер решила да го сподели нејзиното искуство за Insider.

Сега таа вели дека медитеранската диета не е обична диета, туку начин на живот и одлучила да продолжи да се храни на тој начин.

„Во јули 2019-та престанав да јадам месо и се фокусирав на растителна храна, како и риба и морски плодови. Тогаш дури несвесно почнав да ја следам медитеранската диета бидејќи користев само маслиново масло, со секој оброк јадев зеленчук или овошје, а консумирав и по малку млечни производи, јаткасти плодови, житни растенија и зачини.

За мене и моето семејство медитеранската диета стана начин на живот“, открива Џенифер.

Во продолжение го пренесуваме искуството на Џенифер:

Медитеранската исхрана не е типична диета

Џенифер вели дека ова не е диета бидејќи имате слобода да јадете разни видови храна и постојано да откривате нови вкусови.

За разлика од вообичаените диети, медитеранската не ве ограничува, туку напротив, ќе ве натера да пробате многу нови видови храна.

Според Џенифер, благодарение на оваа диета, нејзината желба за нездрава храна драстично се намалила.

dve-godini-ja-sledam-mediteranskata-dieta-zoshto-sakam-da-prodolzham-so-ovoj-nachin-na-ishrana-03.jpg

Намалена подуеност

Откако Џенифер го заменила „тешкото“ месо со риба, морски плодови, јајца и растителни извори на протеини, се ослободила од подуеност на стомакот.

Начинот на исхрана е флексибилен – можете да јадете и тестенини

Според овој начин на исхрана, можете слободно да јадете тестенини, но препорачливо е да се интегрални.

Сепак, Џенифер истакнува дека и интегралните тестенини се исто вкусни, но и дека веќе не чувствува некоја разлика во вкусот.

Додека повеќето диети го забрануваат лебот, медитеранската дозволува консумирање црн леб.

dve-godini-ja-sledam-mediteranskata-dieta-zoshto-sakam-da-prodolzham-so-ovoj-nachin-na-ishrana-04.jpg

Поголема желба за готвење и многу простор за експериментирање со храна

Ако сакате да готвите, тогаш медитеранската диета би била совршена за вас.

Бидејќи се дозволени огромен број продукти, ќе имате простор за експериментирање со нови рецепти.

Нејзините деца од најрана возраст учат за здрава исхрана

Џенифер вели дека покрај неа, и нејзините деца почнале да покажуваат поголем интерес за готвење и храната што ја консумираат.

А, бидејќи скоро секој оброк е домашно приготвен, нејзините деца јадат помалку преработена храна.

dve-godini-ja-sledam-mediteranskata-dieta-zoshto-sakam-da-prodolzham-so-ovoj-nachin-na-ishrana-05.jpg

Повеќе енергија

Бидејќи со оваа диета се внесуваат многу хранливи влакна и здрави масти, како и храна која е полесна за дигестија, нормално е да се зголеми нивото на енергија.

Џенифер вели дека покрај зголемената енергија, забележала дека ѝ се подобрило и расположението, но и дека нејзината кожа изгледа многу подобро.

Простор за грицки

За повеќето, најтешко е да се ослободат од навиката за грицкање. Но, со медитеранската диета не мора да се откажете од ова задоволство. Единствено треба да ги промените грицките.

Џенифер вели дека со текот на времето се научила да грицка зеленчук со хумус, печени бадеми и слично.

Бидејќи постојат многу опции, таа вели дека сега не ни помислува на чипс или нешто слично.

dve-godini-ja-sledam-mediteranskata-dieta-zoshto-sakam-da-prodolzham-so-ovoj-nachin-na-ishrana-06.jpg

Не мора да се откажете од алкохолот

Според медитеранската диета не само што не треба целосно да се откажете од алкохолот, туку и добро е одвреме-навреме да испиете чаша вино.

Џенифер вели дека иако нема навика да пие секој ден, го сака виното, па во текот на неделата си дозволува да испие 2-3 чаши.

Медитеранската диета е начин на живот, не само „алатка“ слабеење

Целта на Џенифер не била да ослабе, туку да намали со месото и да се храни поздраво. Но, бидејќи сепак и мала некој килограм плус, забележала дека и ослабела.

А, бидејќи било навистина лесно да се следат правилата, Џенифер смета дека ова е начин на живот кој ќе продолжи да го следи.

Напомена: Иако станува збор за здрав начин на исхрана, сепак пред да почнете каков било план, добро е прво да проверите дали истиот е добар за вашата здравствена состојба.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg