„И јас ја пробав диетата на Викторија Бекам – лицето ми блескаше, но се чувствував ужасно, oва не е живот“

„Неделно трошев над 175 евра за храна, но по две недели се чувствував полна со енергија, лицето ми блескаше и престанав да користам пудра - но, оваа диета те прави да се чувствуваш мизерно“ - тврди новинарката која две недели пробала да се храни како Викторија Бекам. 

dve-nedeli-ja-drzhev-dietata-na-viktorija-bekam-liceto-mi-bleskashe-i-nemav-krizi-za-blago-no-se-chuvstvuvav-mizerno-01.jpg

Дејвид Бекам во една прилика откри дека Викторија 25 години наназад јаде само риба и зеленчук, а неколку новинарки се обидоа да ја држат нејзината диета и да видат каков ефект ќе има врз нив. Како изгледа да ја држите рестриктивната диета на Викторија без готвачи и што всушност јаде таа?

Викторија Бекам повеќепати досега има нагласено дека нејзината совршена фигура се должи на рестриктивната диета и на здравиот начин на исхрана.

dve-nedeli-ja-drzhev-dietata-na-viktorija-bekam-liceto-mi-bleskashe-i-nemav-krizi-za-blago-no-se-chuvstvuvav-mizerno-08.jpg

Таа за појадок вообичаено консумира топла вода со лимон, чашка јаболков оцет и суплемент од колаген. Авокадо тост со леб од цели житарки или чаден лосос со домати и црно кафе.

За ручек најчесто јаде салата од зеленчук со авокадо и кокосова вода, а за вечера јаде риба печена на скара и зеленчук.

Нејзините грицки се состојат од овошје, јатки и ментол бонбони без шеќер.

Како изгледа кога една „обична жена“ и мајка на деца ќе се обиде да ја држи диетата на Викторија?

Новинарката Лорен Езекил се обиде две недели да ја држи диетата на Викторија, а своето искуство го пренесе во статија за весникот The Sun.

Во продолжение проследете го нејзиниот текст во целост:

„Отсекогаш сум имала здрав пристап кон храната, никогаш не сум се ограничувала себеси, да бројам калории или постојано да се мерам. Јас сум мала жена и не јадам нездрава храна – иако никогаш нема да кажам не на десерт и не можам да живеам без газирани пијалаци.

Така кога Дејвид Бекам откри дека неговата сопруга Викторија го јаде истиот оброк од печена риба и зеленчук на пареа во последните 25 години, не знаев дали да бидам импресионирана или згрозена.

Викторија покажа дека неговото тврдење е точно, така што на ТикТок објави видео со батлерот што ѝ сервира ултра здрава порција со лосос и зеленчук.

Да, таа изгледа одлично заради тоа, со беспрекорна кожа и извајана фигура, но, јадењето ист оброк во период од 25 години бара навистина сериозна посветеност.

Почнав да се прашувам, дали и јас – како обична вработена мајка на Мили (6) и Андре (4), без батлер би можела да преживеам на ист начин. Како страстен застапник против диети (затоа што животот е прекраток), знаев дека тоа ќе биде сериозен тест за мојот карактер. Но, сакав да се соочам со предизвикот.

@victoriabeckham #StitchPosh ♬ original sound - Victoria Beckham

Прв ден


Се разбудив во 6 часот наутро, полна со ентузијазам. Викторија Бекам често вели дека нејзината диета, која не вклучува млечни производи, шеќер, обичен леб, тестенини, компир и ориз, а се состои од здрави житарки, јаткасти плодови, семки и мрсна риба – е главен фактор за нејзиниот добар изглед. Знам дека ја сакам таа храна, па не губам ништо ако се обидам.

Ставив вода да се стопли, но ме фати паника, кога сфатив дека наместо кафе со шеќер, треба да пијам топла вода со лимон и мала чаша јаболков оцет, во стилот на Викторија. Го голтнав наеднаш и дадов сè од себе си за да го задржам. Сега ми стана јасно, зошто овој пијалак го намалува апетитот.

Сè до времето за ручек, чувствував дека нешто ме пече во грлото, а мојот прв оброк се состоеше од зелена салата со едамем (зелена соја во мешунки) и брокула. Ова е многу помалку храна од тоа што сум навикната и не можам да дочекам да дојде вечерата со лосос и зеленчук.

dve-nedeli-ja-drzhev-dietata-na-viktorija-bekam-liceto-mi-bleskashe-i-nemav-krizi-za-blago-no-se-chuvstvuvav-mizerno-03.jpg

Втор ден

Сакам тост со авокадо, но лебот што Викторија вообичаено го јаде (без брашно, туку од цели житарки) воопшто не е вкусен. Со оглед на тоа што се продава по цена од 6 фунти (7 евра) очекував дека ќе ми ја пополни дупката во стомакот, но, не беше така.

Ручекот со сашими од лосос, го измив со црно кафе и суплемент од колаген (што чини неверојатни 128 фунти (148 евра) за 30 дена), но Викторија се колне дека тоа е клучот за нејзиниот блескав тен.

За вечера имам печена морска риба и зеленчук. Си легнав без вообичаената лименка пиво и да бидам искрена, чувствував гасови во стомакот.

dve-nedeli-ja-drzhev-dietata-na-viktorija-bekam-liceto-mi-bleskashe-i-nemav-krizi-za-blago-no-se-chuvstvuvav-mizerno-06.jpg

Четврт ден

Денес бевме на детска забава со пица, сладолед и пиво колку ти сака душа. Моето последно јадење би била маргарита и сладолед, но смеам да јадам само салата од домати и рукола.

Стигнав дома прегладнета и нервозна. Додека грицкав стек од сом печен на скара и зеленчук мислам дека ова не е храната што Викторија Бекам вообичаено ја јаде.“

dve-nedeli-ja-drzhev-dietata-na-viktorija-bekam-liceto-mi-bleskashe-i-nemav-krizi-za-blago-no-se-chuvstvuvav-mizerno-05.jpg

Шести ден

Зголемениот број влакна и недостатокот на јаглехидрати дефинитивно оставија трага врз мојот дигестивен систем! Сепак, се навикнав на тоа да јадам риба и зеленчук за вечера.

Сфатив дека не сум водела премногу грижа за сопствената диета откако ги добив децата – навикната сум да ги јадам нивните остатоци од храна, кои вклучуваат и грицнати компирчиња, а заради диетата морам да готвам за себе и тоа ми се допаѓа.

dve-nedeli-ja-drzhev-dietata-na-viktorija-bekam-liceto-mi-bleskashe-i-nemav-krizi-za-blago-no-se-chuvstvuvav-mizerno-04.jpg

Прочитајте и „Ја пробав диетата на Викторија Бекам - постојано бев гладна, нервозна и се здебелив“

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg