Топ 5 диети кои ќе бидат тренд во 2023 година

Новата година е време за рефлексија и поставување цели, често вклучувајќи и решенија за губење на тежината. Ова е листа на топ 5 диети кои според Форбс ќе бидат тренд оваа година, но пред да ги започнете, консултирајте се со лекар.

top-5-dieti-koi-kje-bidat-trend-vo-2023-godina-01.png

Без разлика дали сте фокусирани на здравјето на срцето, губење на тежината или едноставно побалансиран план на исхрана, изборот на најдобрата диета може да биде клучен дел во исполнувањето на вашите цели за здравје и убавина.

Здравиот начин на живот е правење мали промени кои прават голема разлика. Храната е гориво и е многу важно да му ги обезбедите на вашето тело потребните хранливи материи.

Диетите што ќе бидат хит според Форбс не се класични, рестриктивни диети, туку се цел начин на исхрана за подобро здравје.

Топ 5 дети за 2023 година:

Медитеранска диета

  • Свежо овошје и зеленчук 
  • Цели житарки, јаткасти плодови и мешунки
  • Риба 
  • Маслиново масло

Медитеранската диета се смета за „златен стандард во превентивната медицина“, поради нејзината „хармонична комбинација“ на антиоксиданси и антивоспалителни својства.

Богата со свежо овошје, зеленчук, мешунки, цели зрна и риба, оваа диета дава здравствени придобивки, вклучувајќи зголемен животен век, намален ризик од хронични болести и подобрен квалитет на живот.

https://www.instagram.com/p/CgF49GoL7OE/?hl=en

https://www.instagram.com/p/BXlNbIclPmS/?hl=en

DASH диета

  • Зрна 
  • Свинско и пилешко месо, риба 
  • Овошје и зеленчук

Оваа диета е создадена имајќи го предвид здравјето на срцето. Потребно е да се консумира храна со ниска содржина на натриум.

Можеби ќе ви биде потешко надвор да најдете храна со намален натриум и готвењето без додавање сол може да биде исто така поголем предизвик, но додавањето зачини и билки може да ја направи оваа диета уште поздрава.

MIND диета

  • Зелен лиснат зеленчук 
  • Бобинки 
  • Цели зрна

Оваа диета е комбинација од медитеранската диета и диетата DASH, така што е здрава за срцето, а умерените јаглехидрати би можеле да ѝ дадат малку предност во однос на диетата DASH.

Нордиска диета

  • Овошје
  • Зеленчук
  • Мешунки
  • Риба и јајца

Фокусот на оваа диета е на сезонското, локалното и минималното јадење. Оваа диета може да резултира со намален ризик од мозочен удар, помал ризик од болести и смрт кај средовечни и постари мажи, подобрен липиден профил во крвта, подобра чувствителност на инсулин и понизок крвен притисок.

Исто така, ги задоволува препораките за внес на макро и микронутриенти.

Пескетаријанска диета

  • Овошје
  • Зеленчук
  • Риба
  • Млечни производи
  • Јајца

Следбениците на оваа диета имаат помала веројатност да се борат со дебелината или хипертензијата.

Омега-3 масните киселини во рибата можат да понудат придобивки за мозокот и има помал ризик од дијабетес и срцеви заболувања.

Доколку сакате да се водите според некој од овие начини на исхрана, истражете повеќе за нив посебно, но пред да започнете, консултирајте се со стручно лице дали тој тип на исхрана е соодветен за вас и вашето здравје. 

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg