„2 недели го јадев истиот оброк за вечера – што се случи и зошто тоа ќе го правам почесто?“

Колку време може да заштедите доколку секој ден не размислувате за тоа што ќе зготвите и дали е возможно секој ден да го јадете истото јадење без да ви здодее? Една жена 2 недели се обидела да го јаде истиот оброк за вечера, а вели дека се чувствувала многу посреќно и позадоволно.

2-nedeli-sekoja-vecher-go-jadev-istiot-obrok-za-vechera-zoshto-planiram-toa-da-go-pravam-i-vo-idnina-01.jpg

Минатата година топ тема беше Викторија Бекам, за која дознавме дека 25 години постојано јаде риба и зеленчук на пареа, па голем број нутриционисти во светските медиуми говореа за придобивките од консумирањето на идентични оброци секој ден.

Според некои од нив, со текот на времето телото се навикнува на истите хранливи состојки, а со тоа варењето на храната станува побрзо и многу полесно се ослободувате од вишокот килограми.

Новинарката Џен Гланц направила еден експеримент во кој 2 недели се обидела секој ден да го јаде истиот оброк за да види што може да очекува. Иако признава дека не водела сметка за килограмите, смета дека со оваа одлука добила голем број придобивки.

Погледнете го нејзиниот текст во целост:

„Јас не сум личност што сака да поминува премногу време во кујната и повеќе би сакала да си нарачам јадење отколку да зготвам нешто. Но, откако направив пресметка за потрошените пари во 2022-ра година сфатив дека премногу пари трошам на храна од ресторани, па затоа одлучив да направам промена во сопствените навики.

Па така, за да заштедам пари и да се ослободам од стресот за тоа што да готвам секој ден, одлучив да го јадам истиот оброк секоја вечер во период од две недели.

Одлучив да подготвувам лесно јадење со тестенини и салата што е евтино и е богато со хранливи состојки.

Според нутриционистот Лори Вокер за да ја зачувам здравствената состојба многу е важно да внимаваме оброкот да ги содржи сите хранливи состојки и според неа таквиот оброк треба да има зеленчук, протеини и здрави масти.

2-nedeli-sekoja-vecher-go-jadev-istiot-obrok-za-vechera-zoshto-planiram-toa-da-go-pravam-i-vo-idnina-03.jpg

Со оглед на тоа што сум вегетаријанец одлучив да подготвувам тестенини од леќа, кои имаат 12 грама протеин со сос од домати и додаток од зеленчук на пареа со салата со авокадо.

За време на експериментот се надевав дека ќе успеам да заштедам на време затоа што вообичаено ми требаше околу еден час да подготвам вечера.

Вообичаено 75 отсто од тоа време го поминував во размислување за тоа што да јадам и дали да нарачам нешто или да готвам. Исто така трошев по еден час неделно во маркет обидувајќи се да одлучам што треба да купам затоа што никогаш не сум имала навика да ги испланирам оброците предреме.

Сега откако имав испланиран план за исхрана, успеав да заштедам најмалку 3 часа неделно.

Знаев што точно ми треба од маркет и готвев по две порции од тестенините и од салатата секоја втора вечер за да имам вечера за 2 дена. Со оглед на тоа што ова е мошне лесен оброк, ми требаа околу 10 до 15 минути да го подготвам.

2-nedeli-sekoja-vecher-go-jadev-istiot-obrok-za-vechera-zoshto-planiram-toa-da-go-pravam-i-vo-idnina-04.jpg

Подготовката и вечерата ми траеја околу 30 минути, па така секоја вечер ми остануваа дополнителни 30 минути за да одморам или да правам нешто друго.

Но, по 4-тата вечер ми здодеа да го јадам истото јадење. Сакав да нарачам нешто од омилениот локал и многу малку недостигаше за да се откажам од предизвикот.

Сепак, останав доследна на сопствената одлука да јадам балансирани, хранливи оброци, но за да издржам одлучив да додавам зачини како црн бибер и лук во прав или различни преливи за салати за да направам оброкот да има различен вкус секоја вечер.

По 10-иот ден се навикнав на тоа да го јадам истиот оброк и почнав да се радувам на вечерата. Мислам дека моето тело беше среќно затоа што консумирав здрава храна.

2-nedeli-sekoja-vecher-go-jadev-istiot-obrok-za-vechera-zoshto-planiram-toa-da-go-pravam-i-vo-idnina-02.jpg

Со оглед на тоа што не водам сметка за телесната тежина не можам со сигурност да потврдам дека сум ослабела, но се чувствував многу подобро во тие две недели отколку во изминатиот период. Не барав постојано некој десерт, како што ми се случуваше претходно и не се чувствував прејадено секоја вечер.

Сметам дека овој експеримент ме охрабри да почнам да се хранам поздраво, да избирам балансирани оброци и да готвам дома. Иако сакам поразновидни оброци, сметам дека моето тело се чувствуваше многу подобро и заштедив многу време.

Планирам барем еден месец да не јадам тестенини и салата, но би сакала да го пробам истиот експеримент со друг оброк. На тој начин ќе имам барем 2 до 3 хранливи оброци што ќе може да ги менувам секоја недела.

Но, дотогаш повторно ќе се задоволам со тоа да нарачувам готова храна еднаш или двапати неделно.“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg