Нови хит пијалаци фотогенични за Инстаграм, по Далгона кафето
Авокадо, карамел, бисквит или чоколадо, кој вкус ви е омилен? Рецепти за совршени „Инста“ пијалаци.

Дагона кафето и млекото со јагоди го преплавија Инстаграм... Но, Инстаграмџиките не сопираат туку, туку смислуваат и нови „фотогенични“ пијалаци.
Рецепти за дел од нив:
Бисквит вкус
Ставете во блендер 2, 3 лажици мелени бисквити со половина шолја блага хопла и по желба лажичка шеќер.
Смесата истурете ја врз студено млеко со мраз и украсете со бисквит.

Чоко рај
Рецептот е едноставен. Измешајте половина лажица какао, една лажица шеќер и 3 лажици блага хопла.
Смесата истурете ја врз студено млеко со мраз и украсете со чоколаден прелив.

Карамел Далгона
Следете го оригиналниот рецепт за Далгона кафе (тука) и додадете само сируп од карамел.

Авокадо микс
Изблендирајте парче авокадо, една шолја вода и две лажички шеќер и додадете го ова во чаша со студено чоколадно млеко.

С. С. | Црнобело