Лесен колач со кајсии, идеален за летните денови
Ако никогаш не сте направиле колач со кајсии, овој лесен рецепт е идеален за топлите денови - по првиот залак ќе побарате парче плус.

Сезоната на кајсии е во полн ек, а доколку го обожавате ова овошје, тогаш сигурно освен свежо, го конзумирате и како џем, или во колачи, на пример.
А ако никогаш не сте направиле колач со кајсии, ви подготвивме еден лесен и брз рецепт, кој е идеален за летните денови.
Како да го направите?
Потребни состојки:
- 170g омекнат путер
- 3 јајца (на собна температура)
- 1 лажица ванилин шеќер
- 150g шеќер
- 170g јогурт (на собна температура)
- 280g брашно
- 1 прашок за печиво
- 1,5kg кајсии
Начин на подготовка:
- Сите состојки (без кајсиите) ставете ги во длабок сад и мешајте за да добиете мазно, воздушесто тесто.
- Кајсиите измијте ги и пресечете ги на половина, па додадете ги во тестото.
- Внимателно мешајте со лажица за да се не искршат, туку да останат цели парчиња.
- Обложете тркалезен калап за печење (околу 28cm) со хартија и истурете го тестото во него.
- Одозгора наросете со 2-3 лажици (кафеав) шеќер.
- Печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 60 минути, додека колачот да добие златно-кафеава боја.
- Задолжително проверете со чепкалка дали е печен, а ако и по еден час не е готов во средината, покријте го со фолија и печете уште 10 минути.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи
Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...