Рецепт за крцкава гибаница, полнета со спанаќ и сирење

Лесен и едноставен рецепт за крцкава гибаница со сочен фил од спанаќ и сирење, по босански рецепт, кој сигурно ќе ви се погоди.

recept-za-krckava-gibanica-polneta-so-spanakj-i-sirenje-01.jpg

Ако сакате вкусен семеен појадок, па дури и ручек или мезе за гости, оваа гибаница ќе ви биде омилена.

Го има вкусот како питите на нашите баби, се прави лесно и едноставно, а сите ќе ја обожаваат.

Крцкава однадвор, а внатре полнета со фил од спанаќ и сирење, сочна и неодолива.

Потребни состојки:

  • 500g спанаќ
  • 3 јајца
  • 250g свежо или фета сирење
  • 200g павлака
  • 1 мала лажичка сол
  • 250g готови кори
  • Растопен путер за премачкување на корите

За прелив:

  • 1 јајце
  • 150ml павлака за готвење

Начин на подготовка: 

  • Во длабок сад измешајте ги состојките за филот - јајца, спанаќ, сирење, павлака и сол. 
  • На тава обложена со хартија за печење, ставете три кори, а секоја од нив премачкајте ја со растопен путер.
  • Распоредете насекаде дел од филот, па ставете две кори, исто така премачкани со путер, па повторно наредете фил. 
  • Повторете ја постапката додека имате фил и кори, а завршете со 3 последни кори, исто така секоја од нив премачкана со путер.
  • Исечете на коцки и истурете одозгора мешавина од изматени јајца и павлака за готвење.
  • Печете 40 минути на 200°C, додека не добие златно-кафеава боја и крцкава кора.

Видео постапка: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...

Најчитани неделава