Гравот се потопува во сода – Кујнски трикови на ориенталните готвачи

Јајцата се пржат само во бакарни садови, а кафето треба да се вари двапати… Кои ориентални кујнски трикови може да ни користат и нам?

gravot-se-potopuva-vo-soda-za-da-nemate-gasovi-kujnski-trikovi-na-orientalnite-gotvachi-01.jpg

Често се вели дека ориенталната кујна е мешавина од бои и вкусови, а нивните кулинарски трикови не им се познати толку многу на западните готвачи.

Што е она што тие го прават поинаку, заради што нивните специјалитети имаат сосема поинаков вкус?

Лимон со сол

Кај нас најчесто лимонот се користи во чај, како додаток на риба, супи или во некои одредени јадења.

За оваа намена ние најчесто користиме свежи лимони, но готвачите во Мароко и во персиските земји користат конзервирани лимони од тегла.

За да ги подготват овие лимони, тие ги засекуваат, ги ставаат во тегла и ги прекриваат со сол и сок од лимон и ги оставаат да стасаат околу 1 месец.

Ваквите лимони се користат за салати и како додатоци во голем број специјалитети.

gravot-se-potopuva-vo-soda-za-da-nemate-gasovi-kujnski-trikovi-na-orientalnite-gotvachi-02.jpg

Имаат посебен начин на чистење на модрите патлиџани

Западните готвачи најчесто целосно ги лупат модрите патлиџани, затоа што се смета дека кората може да горчи.

Но, проблемот е во тоа што кога ќе го излупите модриот патлиџан и ќе го исечкате тој во готвењето омекнува и ја губи формата.

Затоа ориенталните готвачи отстрануваат само делови од лушпата на модриот патлиџан, со цел зеленчукот целосно да не „се стопи“ во готвењето.

gravot-se-potopuva-vo-soda-za-da-nemate-gasovi-kujnski-trikovi-na-orientalnite-gotvachi-03.jpg

Имаат посебен начин на варење на кафето

За разлика од нас кои само зовриваме вода и чекаме кафето набрзина да се крене и да се свари, во Турција постои посебен ритуал за подготовка на овој пијалак.

Традиционално, во Турција кафето се приготвува на песок или на жар затоа што тие сметаат дека пијалакот е највкусен ако се подготвува бавно.

Тие прво ја зовриваат водата со кафето и зачините и го оставаат да се олади. Потоа го загреваат уште еднаш.

Од тие причини, турското кафе е доста силен, ароматичен пијалак, кој се служи со локум и баклава.

gravot-se-potopuva-vo-soda-za-da-nemate-gasovi-kujnski-trikovi-na-orientalnite-gotvachi-04.jpg

Супа од јогурт

Кај нас јогуртот обично се служи студен и е одличен додаток со бурек и бели печива.

Во Турција, пак, мошне е популарна супата од јогурт, позната и како yayla çorbası, којашто се подготвува од јогурт, јајца и ориз, а се зачинува со ливчиња нане.

Постои посебна постапка за подготовка и процедување на јогуртот, со цел тој да не се претвори во урда додека се вари. Турските домаќинки прво убаво го процедуваат јогуртот низ газа, пред да почнат да ја подготвуваат супата.

gravot-se-potopuva-vo-soda-za-da-nemate-gasovi-kujnski-trikovi-na-orientalnite-gotvachi-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...

Најчитани неделава