Гравот се потопува во сода – Кујнски трикови на ориенталните готвачи

Оризот треба да се потопи пред да се зготви

Во западните земји често оризот само се мие, пред да почне да се готви.

Ориенталните готвачи, пак, веруваат дека оризот треба да отстои потопен два или повеќе часа, со цел да не биде толку леплив и да биде повкусен.

gravot-se-potopuva-vo-soda-za-da-nemate-gasovi-kujnski-trikovi-na-orientalnite-gotvachi-06.jpg

Јајцата се пржат во бакарни садови

Бакарните садови, кај нас полека се исфрлаат од употреба, но во Турција јајцата за појадок се приготвуваат токму во нив.

Тајната е тоа што бакарот многу лесно ја спроведува топлината и овозможува рамномерно приготвување на јајцата.

Затоа многу полесно ќе добиете рамномерно испржени јајца, наместо да бидат загорени по краевите, а живи во средина.

gravot-se-potopuva-vo-soda-za-da-nemate-gasovi-kujnski-trikovi-na-orientalnite-gotvachi-07.jpg

Ориганото и мајчината душица се користат како додатоци

Мајчината душица кај нас најчесто се користи за чај, но таа е вклучена во голем број мешавини од зачини што ги користат ориенталните готвачи.

Така на пример, популарната мешавина од зачини, позната како za’atar се состои од сусам, сол, мајчина душица и оригано, а се користи како додаток за пити.

Овој зачин во ориенталната кујна се користи како што ние користиме сол и бибер, или, зачин од сушен зеленчук.

gravot-se-potopuva-vo-soda-za-da-nemate-gasovi-kujnski-trikovi-na-orientalnite-gotvachi-08.jpg

Циметот не е наменет само за десерти

Кај нас циметот се користи најчесто за чаеви, сутлијаш, или во одредени десерти.

Во Сирија, верувале или не, подготвуваат шпагети со цимет и доматен сос.

gravot-se-potopuva-vo-soda-za-da-nemate-gasovi-kujnski-trikovi-na-orientalnite-gotvachi-09.jpg

Гравот треба да се потопи во раствор со сода бикарбона

Гравот е традиционално јадење и кај нас, но и во голем број ориентални земји. И кај нас голем број од домаќинките имаат навика да го потопуваат преку ноќ гравот, за да немате гасови од него, но ориенталните готвачи додаваат уште една состојка.

Тие веруваат дека гравот треба да се потопи во вода во која има растворено 1 лажичка сода бикарбона, за полесно да се свари, но и да немате проблеми со гасовите.

Пред да почне да се приготвува гравот, потребно е убаво да се измие, затоа што содата ќе направи пена додека се приготвува и ќе му даде непријатен вкус.

Исто така, солта треба да се додаде во последен момент, дури откако ќе се зготви гравот.

gravot-se-potopuva-vo-soda-za-da-nemate-gasovi-kujnski-trikovi-na-orientalnite-gotvachi-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...

Најчитани неделава