Колку долго е безбедно да чувате зготвена храна во фрижидер (и како да познаете дали е расипана)?

Како правилно да ја складирате готвената храна во фрижидер?

Ако не ја складирате храната правилно, може да се расипе уште следниот ден.

Покрај тоа, ако на храната почнат да се развиваат бактерии, а не е во затворен сад, бактериите можат да почнат да се шират и на другите продукти во фрижидерот.

Кога ќе завршите јадење, веднаш ставете ја храната во добро затворен сад.

На овој начин, повеќето јадења ќе траат и до четири дена.

kolku-dolgo-e-bezbedno-da-chuvate-zgotvena-hrana-vo-frizhider-i-kako-da-poznaete-dali-e-rasipana-07.JPG

Други совети што треба да ги имате предвид:

- Не ставајте жешка храна во фрижидерот, но ставете ја најмногу два часа откако ќе ја зготвите.

- Чувајте ја готвената храна на најгорната полица, за да не дојде во контакт со други продукти, како живо месо. Исто така ова е најстудениот дел од фрижидерот.

- Наместете го фрижидерот на температура помеѓу еден и три степени Целзиусови ако внатре чувате готвена храна.

- Штом еднаш ќе ја стоплите храната, немојте пак да ја ставате во фрижидер, туку фрлете ја ако не ја јадете веднаш.

- Ако одмрзнувате храна, одмрзнувајте ја во фрижидерот – на собна температура може да почнат да се развиваат бактерии уште пред да се одмрзне целосно.

kolku-dolgo-e-bezbedno-da-chuvate-zgotvena-hrana-vo-frizhider-i-kako-da-poznaete-dali-e-rasipana-08.jpg

Како да познаете дали храната е добра за јадење?

Кога нешто е навистина расипано, секако дека ќе го забележите лошиот мирис.

Но, ако поминале три-четири дена и не сте сигурни, обрнете внимание на следниве знаци:

  • Лигава текстура
  • Состојките се одвојуваат многу лесно
  • Забележувате промена на бојата
  • Забележувате знаци на мувла
  • Забележувате мала разлика во мирисот – храната треба да мириса исто како кога сте ја зготвиле

kolku-dolgo-e-bezbedno-da-chuvate-zgotvena-hrana-vo-frizhider-i-kako-da-poznaete-dali-e-rasipana-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...

Најчитани неделава