Грешки во готвењето поради кои не ви успева ниту еден рецепт

Го сечите месото веднаш откако ќе се зготви

Без разлика какво е месото и на каков начин го приготвувате, откако ќе го зготвите, мора да го оставите да отстои барем 10 минути.

Ако го исечете веднаш, ќе ги истиснете соковите од него и ќе биде суво.

greshki-vo-gotvenjeto-poradi-koi-ne-vi-uspeva-nitu-eden-recept-07.JPG

Премногу го месите (или матите) тестото

Без разлика дали месите тесто за леб или печиво, или правите течно тесто за палачинки, не треба да претерате со месење или матење.

Во спротивно, во тестото ќе се ослободи многу глутен, па на крај ќе добиете многу тегава храна.

greshki-vo-gotvenjeto-poradi-koi-ne-vi-uspeva-nitu-eden-recept-08.JPG

Не го киснете зеленчукот во вода пред да го употребите

Пред да правите салата, оставете го зеленчукот во вода 10-тина минути.

Ова ќе ја подобри текстурата на зеленчукот, особено ако бил малку овенат.

greshki-vo-gotvenjeto-poradi-koi-ne-vi-uspeva-nitu-eden-recept-09.JPG

Не средувате додека готвите

Ако ви се случило кујната да ви биде хаос и кога правите само еден мал оброк, мора да научите да средувате додека готвите.

Откако ќе исечете нешто, веднаш измијте ги ножот и даската, откако ќе употребите некој сад, веднаш исплакнете го...

На овој начин ќе имате средена кујна, но и ќе бидете многу поефикасни.

greshki-vo-gotvenjeto-poradi-koi-ne-vi-uspeva-nitu-eden-recept-10.JPG

Ставате масло директно на печурките

Печурките ослободуваат многу течност и ако им ставите масло на почетокот, ќе бидат многу меки и влажни.

Притоа, нема да се зготват рамномерно и нема да го имаат добриот вкус.

Кога пржите печурки, најпрво малку загрејте ја тавата без масло.

Додајте ги печурките и дури откако ќе испуштат течност и ќе почнат да добиваат кафена боја, можете да додадете малку масло или путер и сол и зачини.

Исто така, важно е да не ја преполнувате тавата.

greshki-vo-gotvenjeto-poradi-koi-ne-vi-uspeva-nitu-eden-recept-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како ...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...

Најчитани неделава