Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали месото (не) треба да се мие пред готвење?“

Ако сепак, постои чувство дека месото треба да се исчисти пред да се почне со готвење, многу побезбедно е течноста што ја испушта да се впие со кујнска хартиена крпа, односно ако месото е влажно од пакувањето, едноставно треба да се потапка со хартиената крпа.
Веднаш потоа, крпата се фрла во корпа за отпадоци без да се допира работната површина со неа.
Ако има видлива нечистотија на површината (на пример, парчиња коска/ситни остатоци од обработка), подобро е да се отстрани механички (со хартија, нож), отколку под млаз вода.

По ракувањето со месо, веднаш задолжително се мијат рацете најмалку 20 секунди, а садовите со кои се сечело живото месо веднаш се складираат во машина за садови.
Ако веќе се миело месото, мијалникот и околните површини задолжително треба да се дезинфицираат со средство за чистење за да се спречи ширење на бактериите“.

Прочитајте и Maкедонски нутриционист одговара: „Смеам ли да ги загревам компирот и оризот или да ги фрлам?“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
