Синaтa боја го смирува апетитот!

Не само што сината боја смирува доколку е искомбинирана во ентериерот на вашиот дом, таа исто така го смирува и вашиот апетит.

sinoto-go-smiruva-apetitot-1

Постојат најмалку 5 начини на кои може сината боја да ја комбинирате со вашата диета и да постигнете навистина видливи резултати во бројчето на вагата.

Користете син прибор за јадење

Можеби звучи смешно, но навистина делува. Без разлика дали тоа ќе биде чинија или прибор за јадење, вашиот голем апетит под хипноза на сината боја значително ќе се намали.

Купете сини салвети и користете ги при секој оброк

Доколку приборот за јадење ви звучеше премногу смешно, тогаш салветите во сина боја се полесен избор за вас бидејќи се работи за нешто помалку впечатливо и полесно за купување.

Кујната уредете ја во сина боја или додајте сини детали

Ако сте сакале да ја преуредите кујната, а истовремено сте на диета, одлучете се за сина промена во нејзиниот дизајн. Но, ако оваа промена ви се чини преголема, додадете мали, но значајни детали во повеќе нијанси на сина.

Користете сини обојувачи за десертите

Сигурно досега сте користеле обојувачи во розова, црвена или жолта боја кои докажано го зголемуаат апетитот. Наредниот пат кога подготвувате десерт одберете син обојувач и спречете се себеси да го изедете цел.

Купувајте производи со сино пакување

Кога се наоѓате во супер маркет изберете го омиленото чоколадо или пак пица, но доколку има од истите во сино пакување. Верувајте дека додека отидете на каса, ќе се премислите и ќе го вратите калоричниот производ.

Испорбајте ги овие трикови за губење на апетитот и споделете ги резултатите.

Би можело да ве интересира:

Како да јадете сè што сакате, без да се здебелите? Јадете само кога сте гладни и престанете со јадење штом ќе почувствувате дека ст...
10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
Корисни трикови како да откриете дали намирниците се свежи и вкусни или расипани и незрели Не го купувајте пилешкото месо ако има вода во амбалажата или ако има многу црве...
Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете) Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
Тешкотии со слабеење и уште 4 знаци дека треба да јадете повеќе (здрави) масти Мастите во храната често имаат лоша репутација. И покрај она што можеби сте го с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg