5 причини зошто денес да појадувате овесна каша

Барате добри идеи за здрав појадок? Овесната каша е нешто што прво треба да ви падне на памет, затоа што можете секојдневно да ја модифицирате по вкус и желба.

5-pricini-zosto-denes-da-pojaduvate-ovesna-kasa-01.jpg

5 причини плус зошто денес да искомбинирате овесна каша со омиленото овошје:

1. Ќе бидете сити подолго

Влакната кои ги содржи овесната каша ќе ве одржат сити до ручекот без потреба да грицкате нешто во меѓувреме. Освен тоа, го стимулира варењето, па е идеална за оние кои сакаат да ослабат.


2. Го намалува холестеролот

Богата е со здрави влакна, па има својство да ги врзува маснотиите за себе, односно така да го намалува лошиот холестерол во крвта.


3. Го намалува притисокот

Од сите јадења со кои можете да го намалите притисокот, овесната каша е едно од најмоќните. Состојката лигнан е билно влакно кое со редовно консумирање може да го намали крвниот притисок за 30%.


4. Го намалува ризикот од рак

Намирниците од цело зрно го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево, покажуваат студиите. Покрај тоа, се одлична превенција од ракот на дојка, јајници и простата.


5. Овесот е евтин

Можете да го најдете во сите маркети, да го купите за помалку од 100 денари, а ќе ви трае повеќе од 1 недела.

5-pricini-zosto-denes-da-pojaduvate-ovesna-kasa-2.jpg

Рецепт за овесна каша со банани и цимет

  • 1 шолја овесни снегулки
  • 1 средна банана исечена на ситни парчиња
  • 1 лажица мед
  • 1 ½ шолја млеко
  • ½ лажица цимет
  • Исечкани ореви, по желба

1. Потопете ги снегулките во млеко, оставете ги да отстојат 10-20 минути, а потоа додадете го медот. Добро измешајте.

2. Исечканите банани и ореви ставете ги во снегулките и повторно промешајте. Проросете цимет.

Би можело да ве интересира:

12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
5 практични трикови - Како „паметно“ да ја складирате облеката во мал плакар? Ако имате многу гардероба, а само еден плакар, организирањето на облеката може д...

Најчитани неделава