План за детоксикација на телото во рок од 48 часа

Чувствувате замор и недостаток на енергија, подочниците никако не можете да ги покриете, а и кожата ви станува сува и крута... Сите овие знаци упатуваат на тоа дека детоксикацијата ви е неопходна.

plan-za-detoksikacija-na-teloto-vo-rok-od-48-casa-01.jpg

Секогаш е вистинското време за прочистување на организмот, а покрај тоа пожелни се и честите прошетки, пливањето и краткиот тренинг.

Сега за сега, потребен ви е само овој план за потполна детоксикација во рок од 48 часа.

1 ден

Будење: Испијте 2,5 dl млака вода.

Појадок: Шолја овесни снегулки со лажица ленено семе, 2 dl млеко или диетален јогурт, ½ шолја шумско овошје, 2,5 dl негазирана вода, зелен или црн чај.

Ручек: Ослич на жар, блитва со компир на маслиново масло, 2 шолји зелена салата, рукола или домат со маслиново масло и сок од лимон, 1 мала банана, 2,5 dl негазирана вода.

Ужина: Јаболко, 1,8 dl обичен јогурт, ¼ шолја семки од тиква, 2,5dl негазирана вода.

Вечера: Парче туна печена на фолија (150g), 2 шолји салата со маслиново масло и лимонов сок, ½ шолја зеленчук на пареа, малку интегрален леб, 2,5dl негазирана вода, чај од анасон.

plan-za-detoksikacija-na-teloto-vo-rok-od-48-casa-02.jpg

2 ден

Будење: Испијте 2,5 dl млака вода.

Појадок: Шолја овесни снегулки со лажица ленено семе, 2 dl млеко или диетален јогурт, зелен чај, крушка.

Ужина: Грејпфрут.

Ручек: Чорба од зеленчук (морков, грашок, кромид, лук, бибер, целер, домат), 200g печени пилешки гради, 150g краставица, 2,5 dl негазирана вода.

Ужина: Јаболко и 2,5 dl негазирана вода.

Вечера: Рендана салата од морков и цвекло со лимонов сок, интегрален леб, чај од коприва.

plan-za-detoksikacija-na-teloto-vo-rok-od-48-casa-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...

Најчитани неделава