Во колку часот треба да јадете за да ослабете?

Освен тоа што треба да внимавате што јадете, најголемо внимание треба да обрнете на тоа во кое време ги земате оброците и да не ги прескокнувате.

vo-kolku-casot-treba-da-jadete-za-da-oslabete-01.jpg

За да се добијат релевантни податоци за најдобрата формула за слабеење, една компанија спровела истражување на луѓе кои изгубиле значителен број килограми.

Сите тие, освен што воделе сметка за тоа што јадат, се грижеле и за тоа во кое време ги земаат оброците.

Според нив, најдобро време за појадок е околу 7 часот наутро, додека ручекот се препорачува да биде помеѓу 12:30 и 13:00 часот, а вечерата најдобро е да биде помеѓу 18:00 и 18:30 часот.

Третина од испитаниците кажале дека при слабеењето многу им помогнало тоа што имале лесен ручек, додека ужината ја избегнувале. Сите се согласиле околу тоа дека најкритично време за искушение им било во периодот од 18 до 22 часот.

Исто така, препорачуваат дека најважно е да не се прескокнуваат оброците и дека последниот оброк мора да биде минимум 3 часа пред спиење.

Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...

Најчитани неделава