5 прашања за калориите на кои треба да го знаете одговорот

Многупати кога ќе се одлучите за одредена диета, започнувате и со следење на тоа колку калории дневно внесувате. Но, дали знаете што точно претставуваат?

5-prashanja-za-kaloriite-na-koi-treba-da-go-znaete-odgovorot-01.jpg

Калориите се мерна единица за енергија. Првпат се дефинирани во Франција во раните 1800-ти.

Една килокалорија е количината на топлина (енергија) која е потребна да се зголеми температурата на еден литар вода за 1 степен.

Што уште треба да знаете за калориите?

1. Колку калории ви се потребни дневно?

Бројот на калории кои ви се потребни секојдневно зависи од годините, од обликот на вашето тело и од тоа колку сте активни во текот на денот. На најголемиот дел од тинејџерите и возрасните потребни им се околу 1.200 - 1.500 калории. Колку повеќе килограми имате, толку ви се потребни повеќе калории за да ја одржувате тежината.


2. Колку калориите влијаат на тежината?

500 грама масти имаат 3.500 калории, па за да ослабете половина килограм потребно е да согорите 3.500 калории преку вежбање или да го намалите нивното внесување. За да изгубите половина килограм на една недела, потребно е да го намалите дневното внесување на калории за 500.


3. Колку физичката активност влијае на калориите?

Било која физичка активност бара енергија, па зголемената активност при исто внесување на калории во текот на денот, ќе ја зголеми и потрошувачката на калории. Меѓу другото, вежбањето влијае на вашиот метаболизам, го забрзува, па со текот ан времето ќе ви бидат потребни повеќе калории за да ја одржите тежината.


4. Кој е најдобар начин да следите колку калории сте внеле?

Можете да запишувате во тетратка што сте јаделе тој ден, односно да водите дневник на исхраната. Постојат и интернет страни каде можете да водите онлајн дневник.


5. „Сите калории не се исти“ - Што значи тоа?

Сите калории се еднакви во енергетска смисла. Секој грам јаглехидрати има 4 калории, секој протеин има 4 калории, а секој грам масти има 9 калории. Тоа не се менува. Изразот сите калории не се исти значи дека некои извори на калории се подобри од другите. На пример, подобро наместо 250 калории од чоколадо да консумирате 250 калории од различни извори како јаболка, круши и банани.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто не треба да се откажете од омилената храна, дури и кога сакате да ослабите? Правењето листа на храна што не треба да ја консумирате не е паметно за одржувањ...
Грешки во готвењето што се пренесуваат од генерација на генерација во кујната Кога почнувате да готвите, секогаш се водите од работите што ви ги кажале вашите...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
8 намирници кои не ја заслужуваат лошата репутација Ако претерате со пиењето кафе, дефинитивно ќе почувствувате лоши симптоми. Но, в...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
8 грешки поради кои не можете да ослабете (дури и кога вежбате и држите диети) Многумина се убедени дека прескокнувањето оброци е одлична стратегија за слабеењ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg