Пробајте веднаш: Додаток со кој лубеницата ќе биде уште посочна
Кралицата на летото, освежувачката и сочна лубеница, на многумина им е омиленото летно овошје кога е топло. Но, со еден додаток кој сигурно го имате во кујната, таа може да стане уште посочна и повкусна.

Откако добро ќе ја оладите лубеницата, посегнете по еден необичен додаток - насечканите парчиња зачинете ги со малку сол.
Можеби ви звучи чудно, но сетете се колку е вкусен италијанскиот специјалитет од диња и пршута.
Освен што солта ќе и даде слаткасто-солен вкус, дополнително ќе го нагласи сокот со кој е полна.
Вреди да пробате, нема што да изгубите...
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната)
Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Тура со десерти низ Македонија – најубавите благи специјалитети што треба да ги пробате
Крушевски локум и пуслици, слатко од смокви во Гевгелија и Валандово, пишии со м...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо)
Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...