Дали знаете дека постои црн лук и за што се користи?

Не, црниот лук не е расипан и не е за фрлање.  Тој се прави од обичен лук кој се старее со процес на ферментација.

dali-znaete-deka-postoi-crn-luk-i-za-sto-se-koristi-1.jpg

Црниот лук првпат се појавил на трпезата во Азија и ги освоил стомаците на сите гурмани и готвачи ширум светот.

Како да подготвите црн лук дома?

Одвојте неколку главици лук и распоредете ги во сад кој добро се затвора. Претходно замотајте ги во алуминиумска фолија.

Во рок од 2 месеци чувајте ги на температура од 60 степени.

Некои користат тенџериња за бавно варење, а доколку ова го правите во зима, може да го ставите садот близу некое грејно тело.

Лукот ќе стане помек, ќе добие карамелизирана текстура и вкус како сушено овошје.

dali-znaete-deka-postoi-crn-luk-i-za-sto-se-koristi-2.jpg

Зошто се препорачува црниот лук?

- Содржи високо ниво на антиоксиданси.

- Има антибактериско, антисептичко и антибактериско дејство.

- Го зајакнува имунолошкиот систем.

- Го забрзува зараснувањето на раните.

- Ја стимулира работата на срцето.

- Помага за полесно справување со несоница.

- Го стабилизира крвниот притисок.

- Го регулира шеќерот и холестеролот во крвта.

- Го штити телото од слободните радикали 10 пати поефективно од обичниот лук.

- Помага при сите респираторни болести.

dali-znaete-deka-postoi-crn-luk-i-za-sto-se-koristi-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како ...

Најчитани неделава