Кое овошје содржи најмногу шеќер?

„Наместо колаче или чоколадо, ќе земам некое овошје“, реченица која ја изговорил секој од нас, во обидите да ја засити потребата за благо, да го прелаже организмот и да касне нешто здраво.

Koe-e-najshekernoto-ovosje-vo-ovosnata-piramida-01.jpg

Но, понекогаш е подобро да се касне тој ред чоколадо (особено ако е со висок процент на какао) или тоа мало колаченце, наместо овошја кои изобилуваат со шеќери.

Како стои ситуацијата во овошната пирамида?

Koe-e-najshekernoto-ovosje-vo-ovosnata-piramida-02.jpg

На дното на овошната пирамида со најмал процент на шеќери се наоѓа авокадото (да, авокадото е овошје).

Содржи само 1 gr. шеќери во една шолја производ. Ова е веројатно најздравиот избор кој може да го направите, бидејќи како што знаеме авокадото содржи здрави заситени масти и растителни влакна.

На второто скалило е ситното шумско овошје – капини, малини, боровинки, аронија, јагоди.

Количината на шеќер во овој тип на овошје во една шолја изнесува од 5 – 13 g.

Во третиот дел од пирамидата е овошјето кое најчесто го внесуваме: јаболката, крушите, цитроните, портокалите и бананите. Количината на шеќер во овие овошја се движи од 4-19 g. во една шолја.

На врвот на овошната пирамида е мангото. Содржи најголем процент на шеќери во својот состав – дури 26 gr. во една шолја производ.

Мангото е најшеќерното овошје, а доколку сепак не можете да му оделеете, ограничете ја консумацијата на неколку парченца, внимавајќи на дневниот внес на шеќерни единици.

Овошниот шеќер односно фруктозата е секако здрава и пожелна за консумирање и нормално функционирање на организмот.

Овошјето треба да биде дел од секојдневната исхрана, но секако како и за сè друго, и за него важи истото правило – во умерени количини.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...

Најчитани неделава