Едноставни совети кои ќе ви помогнат да го промените односот кон храната

Веројатно досега сте го слушнале терминот „емоционално прејадување“, а можеби и вие сте „жртва“ на оваа појава. Кога се соочени со стрес, некои луѓе немаат апетит, а други пак, се прејадуваат.

ednostavni-soveti-koi-kje-vi-pomognat-da-go-promenite-odnosot-kon-hranata-01.jpg

За да избегнете ваков тип на прејадување и да ја одржите добрата линија и доброто здравје, прочитајте ги следниве совети со кои полесно ќе го промените односот кон храната за да можете да се опуштите и да уживате во оброците, без да се чувствувате виновно.

1. Трудете се да купувате свежи и квалитетни намирници, одгледани на природен начин.

2. Јадете полека и уживајте во секој залак.

3. Научете ја разликата помеѓу физички и емоционален глад. Ако не сте сигурни, напијте се чаша вода и ќе знаете дали сте гладни или само жедни.

4. Кога јадете полека, телото ќе има доволно време да испрати сигнали дека сте сити за да може полесно да ги контролирате порциите.

5. Обидете се да одолеете на храната кога сте на гости или некаде каде се послужува храна. Не мора да пробате сé што е ставено пред вас. Првиот пат е тешко, но потоа ќе се навикнете.

6. Бидете упорни и истрајни. Не можете да постигнете резултати преку ноќ. Менувањето на односот кон храната е процес.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...

Најчитани неделава