Трик од мајстор за палачинки: Како секоја палачинка да биде совршено мека?

Кога правиме палачинки дома, обично се подразбира дека првата никогаш не ни излегува баш како што треба.

trik-od-majstor-za-palachinki-kako-sekoja-palachinka-da-bide-sovrsheno-meka-01.jpg

Иако палачинките се навидум едноставни, сите правиме грешки при нивната подготовка.

За да ни се погодат палачинките важно е какво брашно ќе одбереме или со каква лажица ќе ја мешаме смесата.

А, за палачинките да бидат секогаш меки и сочни, следете ги следниве совети од професионален мајстор:

1. За палачинката да не се залепи на тавчето, додајте масло или путер во смесата.

На 500 грама брашно се додава 10 грама путер, 10 грама сол, 100 грама шеќер и 4 јајца. За уште повкусни палачинки, додадете и малку ванила или ванилин шеќер.

2. За меки палачинки важен е и обликот на тавчето. Користете тавче наменето за палачинки што има сосема рамно дно.

3. Постои и еден трик за совршени палачинки кој го користеле и нашите баби.

Пред да ја испечете првата палачинка, ставете поголема количина на масло во тавчето, оставете го добро да се загрее и потоа ставете од смесата.

За останатите палачинки, доволно е само малку масло.  

trik-od-majstor-za-palachinki-kako-sekoja-palachinka-da-bide-sovrsheno-meka-02.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
5 практични трикови - Како „паметно“ да ја складирате облеката во мал плакар? Ако имате многу гардероба, а само еден плакар, организирањето на облеката може д...

Најчитани неделава