Тајни за нивната витка линија: Правила за исхрана до кои се држат Италијанките

Дали некогаш сте помислиле дека е можно да бидете витки и згодни во земјата на пицата, пастата и сладоледот?

tajni-za-nivnata-vitka-linija-pravila-za-ishrana-do-koi-se-drzhat-italijankite-01.jpg

Веројатно тоа ви изгледа како невозможна мисија, но сетете се на фактот дека Италија е земја на јаглехидрати, а никогаш немала проблем со голем број на луѓе со прекумерна тежина.

Како е тоа можно?

Тие имаат посебен начин на живот и исхрана, а Италијанките одлично се справуваат со ова.

Дознајте кои се тајните за совршен изглед:

Баланс и мали порции

Тие јадат почесто, но помалку и секако, не бројат калории, туку престануваат да јадат во моментот кога се најадени, односно имаат простор уште за кафе.

Во оброкот, состојките се исто така балансирани.

Користат само едно масло - маслиново

tajni-za-nivnata-vitka-linija-pravila-za-ishrana-do-koi-se-drzhat-italijankite-02.jpg

Консумираат многу свежа, сирова храна

Посебно во јужниот дел на земјата, каде храната е збогатена со риба, домати, зеленчуци и природни зачини, како и лимон. Пастата исто така се служи свежа со малку маслиново масло, сос од домати и секогаш сервирана во мали порции.

tajni-za-nivnata-vitka-linija-pravila-za-ishrana-do-koi-se-drzhat-italijankite-03.jpg

Постојано шетаат

Тие се обидуваат да шетаат колку што е можно повеќе во текот на денот, без разлика дали тоа ќе биде а шопинг или прошетка во паркот или центарот. А, во лета, многу од нив одат на прошетка на езеро, во природа.

Мал оброк за појадок

Појадокот во Италија е задолжителен, но за разлика од многу други европски земји, тие за појадок практикуваат еден кроасан или колач со кафе или млеко.

tajni-za-nivnata-vitka-linija-pravila-za-ishrana-do-koi-se-drzhat-italijankite-04.jpg

Ретко пијат газирани пијалаци

Ретко може да видите Италијанките да пијат газиран пијалак за време на ручекот. Слатките сокови исто така не ги практикуваат, а најчесто за време на ручек може да се забележат со чаша вино.

Пицата не е за секој ден

Можеби ви е тешко да поверувате во ова, но Италијаните не се зависни од пицата, ниту пак препорачуваат вие да бидете.

Пицата се јаде за викенди со друштво, а тие ја сакаат со различни видови сирење и зеленчук, секако, нискокалорична и полна со хранливи состојки.

tajni-za-nivnata-vitka-linija-pravila-za-ishrana-do-koi-se-drzhat-italijankite-05.jpg

Лесна вечера

Последниот оброк за Италијанците е резервиран за некое лесно јадење, ако се работи за оброк некаде надвор. Вообичаената вечера вклучува супа, мала порција месо или паста, сервирани со мала порција сирење или зеленчук.

Недржење диети

Италијанците не спаѓаат во групата на нации кои се зависни од диети, а според нив за слабеење, треба да се избегнува пржена храна, како и дресинг во пастата.

Користете домашни сосови и зеленчук и јадете без грижа на совест.

tajni-za-nivnata-vitka-linija-pravila-za-ishrana-do-koi-se-drzhat-italijankite-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме) Јапонците имаат едноставен тест за да ги селектираат доматите за сос и оние за с...
Калории, количина, хранливи материи - Совети за здрава исхрана на деца, според возраста Како за возрасните, и за малите деца е важно да внесуваат многу овошје и зеленчу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg