Работи кои треба да ги научиме од оние кои никогаш не држат диети

Понекогаш, иако ни се чини тешко, сепак постојат и лесни начини да внимавате на исхраната, без да се држите до некои посебни правила и рестрикции.

raboti-koi-treba-da-gi-nauchime-od-onie-koi-nikogash-ne-drzhat-dieti-01.jpg

Да, диетите се одлични, но знаат и да влијаат негативно, посебно кога ќе ги завршите, па килограмите ќе почнат магично да се враќаат дупло.

А, додека вие се мачите со диети, постојат и луѓе кои никогаш во животот не поминале ниту еден ден на диета, а сепак успеваат да најдат баланс.

Па, во продолжение, прочитајте совети од нутриционисти и други луѓе кои никогаш не држеле диети и успеваат да ја одржат фигурата:

1. Не го користете секој ден за частење со слатки задоволства и нездрава храна. Луѓето кои не држат диети, не си забрануваат работи, но знаат кога да кажат не, а кога да си дозволат некое парче торта.

raboti-koi-treba-da-gi-nauchime-od-onie-koi-nikogash-ne-drzhat-dieti-02.jpg

2. Не трошете време и пари на диетална исхрана. Храната со малку масти и калории звучи одлично, но проблемот е во тоа што таквите намирници потешко се варат и најчесто содржат премногу јаглехидрати.

Со тоа се наталожува шеќер, а и вишок килограми. Купувајте свежи и проверени намирници и сами правете си ги јадењата.

3. Не постои храна која е лоша, како на пример – кељот е здрав и добар, а крофните и тортите лоши.

Истражувањата покажуваат дека ако верувате дека чоколадото е лошо за вас, тоа влијае обратно на мозокот и почнувате да кризирате за што повеќе.

Затоа, исфрлете ја идејата за лоша храна и консумирајте разновидни намирници умерено, но преферирајте ги здравите почесто.

raboti-koi-treba-da-gi-nauchime-od-onie-koi-nikogash-ne-drzhat-dieti-03.jpg

4. И верувале или не, повторно, сонот е во преден план, бидејќи тоа исто така влијае на хормоните кои допринесуваат за тежината и апетитот. Затоа, добро наспивајте се.

5. Понекогаш препуштете се и на калоричната храна и уживајте без грижа на совест, но потоа не продолжувајте со истото, туку од следниот ден вратете се на регулирана и умерена исхрана.

raboti-koi-treba-da-gi-nauchime-od-onie-koi-nikogash-ne-drzhat-dieti-003.jpg

6. Обидете се секогаш да готвите сами. Здравата исхрана не е ниту монотона, ниту здодевна, ниту невкусна. Напротив, имате многу голем избор и опции, па доколку почнете сами да готвите, ќе почнете и да уживате во оваа храна.

raboti-koi-treba-da-gi-nauchime-od-onie-koi-nikogash-ne-drzhat-dieti-06.jpg

7. Не ги бројте калориите и наместо тоа фокусирајте се во порцијата секогаш да имате разновидна храна, доволно протеин, многу зеленчук и здрави масти.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како ...

Најчитани неделава