Навики кои треба да ви станат начин на живот за да имате идеално тело без држење диети - Results from #1


Навики кои треба да ви станат начин на живот за да имате идеално тело без држење диети

На масата ставете сад со овошје

Доколку имате навика на масата да ставате сад со слатки работи, време е да ги замените со здрави работи.

Кога пред вас постојано ќе има сад со овошје, ќе имате мотив за здрава исхрана.

naviki-koi-treba-da-vi-stanat-nachin-na-zhivot-za-da-imate-idealno-telo-bez-drzhenje-dieti05.jpg

Седнувајте на крајот од масата

Овој совет важи најмногу за големите собири. Ако седите на средина ќе бидете опколени со премногу различни и калорични јадења, а ќе сакате да пробате од повеќето од нив.

Кога седите на крајот, можете да дофатите ограничена количина на храна, а веројатно ќе ви биде непријатно да барате од некој да ви стави од средината, или пак вие да се наведнувате врз масата.

naviki-koi-treba-da-vi-stanat-nachin-na-zhivot-za-da-imate-idealno-telo-bez-drzhenje-dieti-06.jpg

Смислете си ваши ритуали

Според некои научници, докажано е дека малите ритуали ни го прават јадењето повкусно. Па така, сите сме научени дека пред да се јаде тортата се дуваат свеќички, или пред да се стави шампањ, прво се пука.

Затоа, направете си некои мали здрави ритуали за пред јадење, па дури и брокулата ќе ви биде највкусно јадење подоцна.

naviki-koi-treba-da-vi-stanat-nachin-na-zhivot-za-da-imate-idealno-telo-bez-drzhenje-dieti-07.jpg

Сечете ја храната на мали парчиња

Со ова ќе го измамите мозокот и ќе создадете чувство дека има поголема количина во чинијата, а всушност е истата, поделена на повеќе делови.

Така побрзо ќе се чувствувате заситено и нема да се прејадете. На истиот начин функционира и трикот со користење помала чинија, која ќе изгледа полно со помалку храна.

naviki-koi-treba-da-vi-stanat-nachin-na-zhivot-za-da-imate-idealno-telo-bez-drzhenje-dieti-08.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со телото, ако секој ден имате барем еден оброк со риба? Сите знаеме дека во исхраната треба да ни биде вклучена риба барем еднаш неделно...
Едноставни правила благодарение на кои полесно ќе воведете здрава исхрана Одлуката да го смените начинот на исхрана е навистина важна и е голем пресврт во...
Искористете ја сезоната: Зошто да јадете диња секој ден? Дињата, покрај лубеницата, е едно од омилените овошја во лето. Освен што има сла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg