3 чекори за прочистување на телото во празничниот период , кое на сите ни е неопходно

Празничната сезона не им оди во прилог дури и на оние кои внимаваат на исхраната и изгледот во текот на целата година.

3-chekori-za-prochistuvanje-na-teloto-vo-praznichniot-period-koe-na-site-ni-e-neophodno-01.jpg

Тешко е да се одолее на вкусните новогодишни трпези, дојадувањето и постојаното одење од гости на гости каде „не смеете“ да одбиете кифлички, руска салата, мевце, торта...

Но, ако во овие неколку дена по Нова година веќе ви е смачено од јадење и гледате дека се чувствувате неудобно во сопственото тело, време е за прочистување.

Оние кои се похрабри и одлучни, ќе започнат со прочистувањето уште веднаш, а другите кои потешко  може да одолеат на трпезите, нека ги запомнат чекорите за по божиќните празници.

Нутриционистката Џесика Сепел постојано споделува совети за здрав начин на живот, а според неа ова прочистување во 3 чекори ќе ви помогне за посјајна кожа, чистење на црниот дроб, враќање на енергијата, подобар сон и баланс на тежината.

Прв чекор – „прочистете“ ја исхраната

Првиот чекор за детоксикација на телото е правење промени во исхраната, односно неопходно е да ги исклучите целосно (или максимално да ги избегнувате) кафето, алкохолот, шеќерот, засладувачите, брашното, глутенот, црвеното месо и брзата храна.

Наместо тоа, хранете се со сезонски зеленчук, многу лисести зелени зеленчуци, свежо овошје (бобинки и јаболка), зрнеста храна без глутен (киноа, кафеав ориз, леќа), јаткасти плодови, риба со висок квалитет, органски јајца и пилешко месо.

Сончогледовото масло обидете се да го замените со кокосово или ладно цедено маслиново масло.

View this post on Instagram

A post shared by Jessica Sepel - JSHealth® 🧿 (@jshealth)

Втор чекор – создадете навики за здрав животен стил

Според нутриционистката има 6 навики кои треба да ги воведете во вашето секојдневие за да имате поздрав животен стил и празниците да „не ви можат ништо“:

1. Вежбајте барем 20-30 минути на ден и потете се за да поттикнете ослободување токсини.

2. Пијте 2-3 литри вода секој ден за бубрезите полесно да се ослободат од токсините.

3. Користете билки и зачини во исхраната, бидејќи му помагаат на телото во детоксикација.

4. Спијте по 8 часа за телото да закрепне и да регенерира нови клетки.

5. Практикувајте грижа за себе и контролирајте ги емоциите.

6. Дајте му на телото доволно витамини.

Трет чекор – „прочистете“ ја околината

Не е доволно само да исфрлите одредени производи од исхраната, потребно е целосно да живеете поздрав живот и околината во која се наоѓате да биде поздрава.

Купувајте органски производи, задолжително мијте ги овошјето и зеленчукот, користете хартиени кеси за чување храна, стаклени садови наместо пластични, инвестирајте во квалитетна филтрирана вода, користете природни козметички производи и продолжете со овие навики во текот на целата година.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто не треба повторно да ја користите кремата за заштита од сонце од минатата година? Tоплите зраци на сонцето нè поттикнуваат да се препуштиме на активности на отвор...
Зошто не треба да се откажете од омилената храна, дури и кога сакате да ослабите? Правењето листа на храна што не треба да ја консумирате не е паметно за одржувањ...
8 комбинации на храна кои е подобро да се јадат заедно Зеленчукот секогаш е најдобро да го комбинирате со јајца, пилешко месо во комбин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg