Зошто ова лето да јадете повеќе лубеница?

Лубеницата е овошје со многу малку калории, односно, во 100 грама лубеница има само 20 калории. Истовремено, таа е полна со корисни хранливи материи кои ја поттикнуваат работата на бубрезите и го чистат организмот од токсини.

zoshto-ova-leto-da-jadete-povekje-lubenica-01.jpg

Во текот на топлите летни денови внесот на течности е од голема важност, а јадењето лубеница е еден од начините да внесете повеќе течности во организмот. Во комбинација со хранливите влакна што се наоѓаат со неа, во организмот ќе внесете добро количество храна, без да консумирате многу калории.

150 грама лубеница содржи:

Витамин Ц: 21% од дневната препорачана доза

Витамин А: 18% од дневната препорачана доза

Калиум: 5% од дневната препорачана доза

Магнезиум: 4% од дневната препорачана доза

Витамини Б1, Б5 и Б6: 3% од дневната препорачана доза

Покрај ова, лубеницата е богата и со каротеноиди, вклучувајќи и бета каротен и ликопен.

zoshto-ova-leto-da-jadete-povekje-lubenica-03.jpg

Најважните антиоксиданси во лубеницата:

Витамин Ц

Витаминот Ц е антиоксиданс кој помага во спречувањето на оштетувањето на клетките од слободните радикали. Покрај тоа, тој е одличен за кожата бидејќи помага во создавањето колаген.

Витамин А

Витаминот А е исто така важен за здравјето на кожата бидејќи помага во обновувањето на нејзините клетки. Недостатокот од витамин А се карактеризира со сува кожа што се лупи.

Каротеноиди

Каротеноидите се соединенија кои содржат алфа каротен и бета каротен, кои телото ги претвора во витамин А.

Ликопен

Ликопенот е вид каротеноид којшто не се претвора во витамин А. Овој моќен антиоксиданс ѝ ја дава црвената боја на лубеницата и е поврзан со многу здравствени придобивки.

Во комбинација со витамин Ц, ликопенот помага во намалувањето на воспалителните процеси. Некои истражувања покажале дека ликопенот може да го намали холестеролот и крвниот притисок.

Цитрулин

Цитрулинот е аминокиселина која може да го зголеми нивото на кислород во телото. Ова пак го намалува крвниот притисок.

Кукурбитацин Е

Ова е соединение кое има антиоксидативни и антивоспалителни својства во нашето тело.

zoshto-ova-leto-da-jadete-povekje-lubenica-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
8 намирници што ја штитат кожата на лицето (и можат да ве подмладат) Ретинолот е честа состојка во продуктите за убавина. Но, можете да го зголемите ...

Најчитани неделава