Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Традиционална брза храна од целиот свет што вреди да ја пробате

Кроасан, Франција

Можеби сте пробале кроасани од нашите пекари, но ништо не ги заменува француските. Ова печиво најчесто се јаде за појадок, но слободно можете да го вклучите и во ручекот и вечерата.

Најчесто француските кроасани се без фил и се јадат без додавање на путер. Нормално, можете да најдете и други верзии, благи или солени, полнети со крем, сирење или шунка.

tradicionalna-brza-hrana-od-celiot-svet-shto-vredi-da-ja-probate-07.jpg

Суфлаки, Грција

Гирото им е омилениот оброк на сите кои одат во Грција, но треба да му дадете шанса и на суфлакито. Знаевте ли дека ова јадење потекнува уште од деновите на Аристотел, што го прави најстариот оброк на листава?

Суфлакито се состои од парчиња место на скара, најчесто свинско или јагнешко, и се служи со пита леб, ѕаѕики и домати.

tradicionalna-brza-hrana-od-celiot-svet-shto-vredi-da-ja-probate-08.jpg

Хамбургер, Германија

Можеби хамбургерите ги поврзуваме со САД, но тие всушност потекнуваат од Хамбург, Германија, и тоа од 15-тиот век. Најчесто хамбургерот е направен со плескавица од квалитетно говедско месо послужена во лепче.

Благодарение на рестораните како Мекдоналдс, ова јадење го има низ целиот свет. Но доколку сте во Хамбург, добро би било да го пробате и оригиналниот хамбургер.

tradicionalna-brza-hrana-od-celiot-svet-shto-vredi-da-ja-probate-09.jpg

Пица, Италија

Постои ли личност што не сака пица? Ова јадење го јадеме насекаде – дома, на работа, во ресторан, на улица… Иако потекнува одамна, пицата што ни е позната денес прв пат се појавила во 18-тиот век. Имено, најпрвата пица во Италија била храна за сиромашните, сè додека кралицата Маргарита не замолила еден готвач да ѝ направи и неа. 

Тој направил пица со свеж босилек, моцарела и домати, што навистина ѝ се допаднала. Па, оттогаш популарноста на ова јадење само се зголемувала.

tradicionalna-brza-hrana-od-celiot-svet-shto-vredi-da-ja-probate-10.jpg

Помфрит, Белгија

Сите јадеме помфрит и можеме да го комбинираме со безброј јадења. Иако можеби англиското име (French fires) ве натерало да помислите дека потекнува од Франција, помфритот всушност доаѓа од Белгија.

Бо Белгија можете да најдете многу ресторани што продаваат помфрит со разни сосови, но традиционално, помфритот го сервираат со лажица мајонез.

tradicionalna-brza-hrana-od-celiot-svet-shto-vredi-da-ja-probate-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Храна која мислиме дека трае вечно, но сепак има рок (ако не ја чувате правилно) Доколку го чувате шеќерот во сад кој не е добро затворен, во него може да влезе ...
Крцкави однадвор, меки однатре – 6 трикови за совршено печени компири Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во ист...
Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek … Која е вашата оми...
Гравот се потопува во сода – Кујнски трикови на ориенталните готвачи Јајцата се пржат само во бакарни садови, а кафето треба да се вари двапати… Кои ...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Почетнички кулинарски грешки што ви ги уништуваат специјалитетите Дали знаете дека ако ставите премногу масло на калапот за торта таа ќе излезе из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg