Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 прехранбени продукти што можат да предизвикаат лоши соништа

Чипс

Мрсната храна, како чипсот, е лоша за вас бидејќи има многу калории и значително го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести. Покрај тоа, истражувачите покажале дека храната како чипсот може да предизвика проблеми со спиењето, а понекогаш и кошмари.

10-prehranbeni-produki-shto-mozhat-da-predizvikaat-loshi-sonishta-04.jpg

Газирани пијалаци

Пијалаците не се храна, но ако ги пиете пред спиење, можат да имаат ист ефект. На пример, пијалаците со кофеин можат да ве држат будни во текот на ноќта. Покрај тоа, тие се полни со шеќери кои дебелеат и го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања.

Бидејќи на мозокот му е тешко да се релаксира после внесот на кофеин, нема да можете да спиете цврсто и во текот на ноќта ќе имате чудни соништа. Доколку сте чувствителни на кофеин, избегнувајте да го пиете 12 часа пред спиење.

Чоколадо

Чоколадото може да го наруши сонот и да предизвика навистина вознемирувачки соништа. Едно истражување покажало дека чоколадото може дури и да ве натера да викате од кошмарите. Познато е дека чоколадото содржи супстанца која има психоактивен ефект на мозокот, што пак влијае врз соништа. Од друга страна, чоколадото содржи и здрави антиоксиданти, но и тие можат да го нарушат сонот.

10-prehranbeni-produki-shto-mozhat-da-predizvikaat-loshi-sonishta-05.jpg

Помфрит

Понекогаш е навистина тешко да одолеете на вкусот на помфритот, без разлика што знаете дека не е добар за вас. Доколку ви е потребна причина да не изедете порција помфрит, добро е да знаете дека и тој може да предизвика кошмари.

Бидејќи на телото му е потребно повеќе време да ја дигестира храната полна со јаглехидрати, квалитетот на сонот се намалува, а истовремено ќе сонувате и лоши соништа.

Сладолед

И омилениот летен десерт може да предизвика кошмари. Сладоледот е полн со масти и шеќери, а доколку го јадете пред спиење, телото нема доволно време да ги дигестира. А откако ќе ги дигестира, вие ќе бидете полни со енергија, па нема да спиете добро. Поради ова можно е да сонувате лоши соништа.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Чоколадото „ангелска коса“ е новиот хит по „Дубаи“ – полнето е со шеќерна волна и ф'стак, чини 20 ев... Белгиското чоколадо кое се вика „ангелска коса“ внатре е полнето со шеќерна волн...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Кои (позитивни) промени ќе ги забележите ако јадете побавно? Ќе ослабите, но и ќе си ја подобрите дигестијата – зошто треба да почнете да јад...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Праскa или нектаринa - која е поздрава и која содржи повеќе калории и шеќери? Нектарините се разликуваат од класичните праски по неколку нешта: едните содржат...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg