Зошто диетите не се секогаш ефикасни и како да ослабете без нив?

Како да ослабете без држење диети?

Гответе сами

Многу полесно ќе внимавате на храната што ја консумирате доколку си готвите самите. Никогаш не можете да контролирате што сè има во храната од ресторан, а порциите најчесто се премногу големи.

Наполнете се со протеини

Протеините го намалуваат апетитот, го поттикнуваат согорувањето на калориите и помагаат во градењето мускулна маса. Покрај оние од пилешкото, исто добри се и протеините од растително потекло што ги има во леќа, киноа и слично.

zoshto-dietite-ne-funkcioniraat-i-kako-da-oslabite-bez-niv-04.jpg

Дозволувајте си по некоја ужина

Ако јадете помалку, повеќе пати во денот, помали се шансите да се прејадете. Па, помеѓу оброци почастете се со некоја здрава ужина.

Престанете да внесувате „течни“ калории

Многу често луѓето заборават на калориите што ги содржат пијалаците. Доколку престанете да пиете сокови, алкохол и други засладени пијалаци, сигурно ќе намалите некој килограм.

zoshto-dietite-ne-funkcioniraat-i-kako-da-oslabite-bez-niv-05.jpg

Користете помали чинии

Овој визуелен трик ќе ви помогне без проблем да консумирате помалку храна. Кога ќе ја ставите храната во помала чинија, ќе ви изгледа како да има повеќе, па нема да бидете во искушение да изедете многу.

Бидете трпеливи

Слабеењето не се случува преку ноќ, а за да видите дури и најмали резултати потребно е време. Доколку слабеењето е вашата цел, најважно е да се однесувате добро кон себе и кон вашето тело. Придржувајте се до правилата за здрава исхрана, вежбајте и бидете трпеливи.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...

Најчитани неделава