Што се адитиви во храната и колку се штетни?

Дали постојано сте преморени, уживате во попладневната дремка и ви требаат барем 3 шолји кафе за да го преживеете денот? Најверојатно и целото слободно време сакате да го поминете испружени пред телевизор.

najchestite-aditivi-vo-hranata-i-dali-treba-da-gi-izbegnuvate-01.jpg

Доколку немате здравствен проблем што би направил да се чувствувате вака, најверојатно виновен е вашиот начин на исхрана.

Понекогаш, исцрпеноста што ја чувствувате после јадење може да биде предизвикана од адитивите, состојки кои денес се наоѓаат во речиси сите прехранбени продукти.

Но што всушност претставуваат адитивите и дали навистина треба да ги избегнувате?

Адитивите се супстанци што ѝ се додаваат на храната, најчесто за да ѝ го подобрат вкусот и изгледот и да го продолжат нејзиниот рок на траење.

Некои од овие супстанци неретко се поврзувани со сериозни здравствени проблеми, додека другите можат да се консумираат со минимален ризик.

Погледнете ги 9-те најчести адитиви во нашата храна:

Мононатриум глутамат

Мононатриум глутаматот, или MSG, е чест адитив во храната чија задача е да го засили и подобри вкусот на солените јадења. Се наоѓа во многу видови преработена храна, како замрзнати оброци, солени ужини и конзервирани супи. Исто така често се додава во храната во рестораните.

Според некои истражувања, некои луѓе навистина се чувствителни на оваа супстанца, но другите не би требало да имаат проблем доколку ја консумираат умерено.

Доколку забележите каков било проблем, најдобро е да го избегнувате овој адитив.

najchestite-aditivi-vo-hranata-i-dali-treba-da-gi-izbegnuvate-02.jpg

Вештачка боја за храна

Вештачката прехранбена боја се користи за подобрување на изгледот на секаков вид храна.

За овој адитив се покажало дека кај чувствителните деца, може да предизвика хиперактивност. Истовремено, се покажало дека супстанцата позната како Red 3 можеби го зголемува ризикот од тумори на тироидната жлезда кај животните.

najchestite-aditivi-vo-hranata-i-dali-treba-da-gi-izbegnuvate-03.jp.jpg

Натриум нитрат

Оваа супстанца најчесто се наоѓа во преработените месни производи со цел да се забави размножувањето на бактериите. Истовремено, натриум нитратот додава соленкаст вкус и црвено-розова боја.

Кога е изложен на висока температура, натриум нитратот, во присуство на аминокиселини, може да се претвори во нитросамин – состојка што има негативно влијание врз здравјето.

Претераното консумирање на овој адитив можеби е поврзан со зголемен ризик од неколку видови рак.

najchestite-aditivi-vo-hranata-i-dali-treba-da-gi-izbegnuvate-04.jpg

Гуар гума

Оваа состојка е всушност јаглехидрат што се користи за згуснување и сврзување на храната. Наголемо се користи во прехранбената индустрија и може да се најде во сладоледи, преливи за салати, сосови и супи.

За разлика од останатите адитиви, гуар гумата покажала и позитивни ефекти врз здравјето. На пример, ги намалувала симптомите како подуеност и констипација.

Сепак, претераното консумирање може да има несаканите ефекти, како гас, подуеност и грчеви.

najchestite-aditivi-vo-hranata-i-dali-treba-da-gi-izbegnuvate-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...

Најчитани неделава