Што се адитиви во храната и колку се штетни?

Пченкарен сируп со фруктоза

Пченкарниот сируп е засладувач направен од пченка. Најчесто се додава во газираните пијалаци, соковите, слатките, житариците и ужините.

Овој сируп е богат со фруктоза, која пак може да предизвика сериозни проблеми доколку се консумира прекумерно, како дебелеење, дијабетес и разни воспаленија.

najchestite-aditivi-vo-hranata-i-dali-treba-da-gi-izbegnuvate-06.jpg

Вештачки засладувачи

Вештачките засладувачи се наоѓаат во речиси секој прехранбен продукт. Постојат неколку видови вештачки засладувачи чија задача е да го направат продуктот поблаг, без да го зголемат неговиот број на калории.

Вештачките засладувачи можат да помогнат во слабеењето и намалувањето на шеќерот во крвта, но доколку претерате, можат да предизвикаат главоболки.

najchestite-aditivi-vo-hranata-i-dali-treba-da-gi-izbegnuvate-07.jpg

Натриум бензоат

Оваа супстанца е презерватив кој најчесто се додава во газираните пијалаци и киселата храна, како преливи за салати, кисели краставички и овошни сокови.

Иако воглавно оваа супстанца е безбедна, понекогаш е поврзана со зголемена хиперактивност.

najchestite-aditivi-vo-hranata-i-dali-treba-da-gi-izbegnuvate-08.jpg

Транс масти

Транс мастите се незаситени масти кои можат да се најдат во преработена храна како печива, маргарин, пуканки за микробранова и бисквити.

Биејќи се поврзани со многу здравствени проблеми, Федерацијата за храна и лекови ги отстранила од листата на генерално безбедни адитиви.

Консумирањето транс масти е поврзано со воспаленија, проблеми со срцето и дијабетес.

najchestite-aditivi-vo-hranata-i-dali-treba-da-gi-izbegnuvate-09.jpg

Вештачки вкусови

Вештачките вкусови се хемикалии кои се дизајнирани да имитираат вкус на други состојки. Можат да се најдат во речиси сите прехранбени продукти.

Некои истражувања на животни покажале дека овие состојки можат да имаат лошо влијание врз коскената срж. Сепак, потребни се дополнителни истражувања за нивното влијание врз здравјето на човекот.

najchestite-aditivi-vo-hranata-i-dali-treba-da-gi-izbegnuvate-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Суво овошје што не треба да го консумирате на празен стомак (без да го комбинирате со друга храна) Многу е важно како ќе го започнеме денот, а здравата исхрана може да и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg