Совети од професионалните готвачи - Грешки што треба да ги избегнувате при готвење

Ако сакате да станете подобар готвач, постојат некои работи кои мора да ги знаете. А, кој ќе ви даде подобри совети за готвење од професионалните готвачи?

soveti-od-profesionalnite-gotvachi-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-pri-gotvenje-01.jpg

Сите прават грешки во кујната кои можат да го расипат целиот оброк. Доколку и вие спаѓате овде, тогаш сигурно ќе ви се допаднат советите на професионалните готвачи.

Во продолжение дознајте кои грешки треба да ги избегнувате и како да го извлечете најдоброто од секој оброк што го приготвувате.

Како да пржите на врело масло?

Никогаш немојте да го ставате месото или рибата на врело масло од голема висина. На овој начин само ќе се изгорите со маслото.

Кога сакате да пржите на врело масло, најдобро е да ја поткренете тавата и полека да го ставите месото на дел од тавата каде што нема масло. Дури потоа исправете ја тавата, за маслото да „се врати“ на место.

Не мора да го следите рецептот

Најголемата грешка на готвачите аматери е тоа што буквално го следат секој чекор од рецептот.

Слободно менувајте ги рецептите по ваш вкус, како што прават искусните готвачи. Нема потреба да ги користите потполно истите намирници.

Ако, на пример, немате вински оцет, слободно ставете јаболков.

soveti-od-profesionalnite-gotvachi-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-pri-gotvenje-02.jpg

Премногу храна

Повеќето аматери купуваат и приготвуваат премногу храна.

Ако готвите за пријатели, сметајте дека за секој ќе треба најмногу 300 грама протеини, 250 грама зеленчук и 250 грама јаглехидрати.

Загревање на тавата

Ќе заштедите многу време ако ги загревате тавата или тенџерето, додека го подготвувате месото или зеленчукот за готвење.

soveti-od-profesionalnite-gotvachi-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-pri-gotvenje-03.jpg

Евтини состојки

Неретко, луѓето купуваат готови сосови и замрзнат зеленчук за да заштедат време. Но со ова ризикувате да го „расипете“ вкусот на храната.

Па, добро истражете кои намирници е подобро да ги купувате свежи, а што можете да купете замрзнато или однапред приготвено.

Овошје и зеленчук надвор од сезона

Во зима немојте да правите оброци со летен зеленчук, и обратно.

Најпрво, ако користите сезонски зеленчук и овошје, ќе заштедите многу. Покрај тоа, кога им е сезона, овошјето и зеленчукот се многу повкусни.

soveti-od-profesionalnite-gotvachi-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-pri-gotvenje-04.jpg

Месо и риба од замрзнувач

Никогаш немојте да ги приготвувате месото и рибата веднаш откако сте ги извадиле од замрзнувач. Најдобро е да ги оставите да отстојат 15 до 20 минути.

На овој начин, месото и рибата ќе се испржат или испечат рамномерно.

Пробување на храната

Професионалните готвачи постојано ја проверуваат храната што ја приготвуваат.

На овој начин навреме ќе знаете дали треба да додадете нешто во оброкот.

soveti-od-profesionalnite-gotvachi-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-pri-gotvenje-05.jpg

Преварен зеленчук

Честа грешка на аматерите е што предолго го варат или пржат зеленчукот.

Оброкот ќе биде многу повкусен ако зеленчукот е крцкав, особено ако е брокула или карфиол.

Тефлонска тава

Немојте да користите тефлонска тава, освен ако пржите јајца. Проблемот е што овие тави можат да влијаат врз вкусот на храната.

Најдобро е да имате барем еден сад за готвење од нерѓосувачки челик, со дебело дно.

soveti-od-profesionalnite-gotvachi-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-pri-gotvenje-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...

Најчитани неделава