Совети од професионалните готвачи - Грешки што треба да ги избегнувате при готвење

Валкани садови

Професионалните готвачи никогаш не прават хаос во кујната.

Пред да почнете со готвење, измијте ги садовите и направете место во кујната.

Микробранова печка

Речиси секој професионален готвач ја избегнува микробрановата печка.

Ако сакате да стоплите нешто, во тава загрејте малку масло, а потоа додајте го јадењето.

Иста даска за сечење за сè

Немојте да ги сечите сите намирници на иста даска, особено ако сечите свежо пилешко. На овој начин ќе се заштитите од бактерии.

soveti-od-profesionalnite-gotvachi-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-pri-gotvenje-07.jpg

Време на готвење

Професионалните готвачи знаат што се готви најдолго, па секогаш почнуваат од тоа.

Ако правите тестенини со печурки, прво ставете ги тестенините да се варат, а потоа почнете да ги сечите печурките.

Не ги читате рецептите до крај

Многу луѓе воопшто не ги дочитуваат рецептите пред да почнат со готвење. Овде не станува збор само за состојките, туку и за секој чекор од рецептот.

Ова е важно бидејќи само вака ќе се осигурите дека имате сè што ви е потребно.

Приготвување на рибата

Никогаш немојте однапред да ја спремате рибата. Исто така, немојте да ја загревате пред да ја послужите.

Најдобро е да ја послужите веднаш откако ќе ја приготвите.

soveti-od-profesionalnite-gotvachi-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-pri-gotvenje-08.jpg

Зачини

Ако ги додадете зачините на крајот, тогаш нема да го почувствувате нивниот вкус.

Додајте ги зачините додека ги пржите лукот или кромидот, и на крај додајте го месото и сè останато.

Сол

Немојте да претерувате со солта.

Секогаш кога додавате сол, промешајте, пробајте го јадењето, па дури потоа посолете уште, ако има потреба од тоа.

soveti-od-profesionalnite-gotvachi-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-pri-gotvenje-09.jpg

Припрема на состојките

Пред да почнете со готвење, припремете ги исечете ги сите состојки. На овој начин нема да брзате и нема да изгорите ништо.

Миење ножеви во машина за садови

Професионалните готвачи никогаш не ги мијат ножевите во машина за садови, бидејќи машината може да ги истапи.

Исто така, важно е редовно да ги острите ножевите.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...

Најчитани неделава