Правило 80/20: План за исхрана со кој никогаш нема да морате да држите диета

Правилото 80/20 не е диета, туку промена на животните навики која резултира со трајно губење на килограмите. Со негова примена, многу лесно ќе се навикнете на урамнотежена исхрана и умереност, а може да го примените и на вежбањето.

pravilo-80-20-plan-za-ishrana-so-koj-nikogas-nema-da-mora-da-drzite-dieta-01.jpg

Правилото 80/20 значи дека и понатаму, без грижа на совест, ќе може да уживате во вечера или пијалак со пријателите, а поимот уживање во храната и тоа како ќе би биде познат.

Во што е тајната? Едноставно – 80% од времето јадете здрава храна, а во 20% од времето уживате во слатки или пијалак. И немојте премногу да се грижите за математиката.

За подобри резултати, во текот на работните денови „штедете“ калории и цврсто држете се до планот, за може за време на викенд да „мамите“ со слатки задоволства.

Или, едноставен пример:

Колега носи торта на работа по повод роденденот. Вие се трудите да јадете здраво, но сепак ќе се согласите да земете едно парче торта. Потоа имате грижа на совест до крајот на денот и на нервна база продолжувате да јадете слатки.

Со правилото 80/20 вашиот пристап ќе биде поинаков. Јадете торта и потоа до крајот денот си продолжувате со здравите намирници, без грижа на совест.

pravilo-80-20-plan-za-ishrana-so-koj-nikogas-nema-da-mora-da-drzite-dieta-04.jpg

Што да јадете:

  • Житарки
  • Овошје и зеленчук
  • Протеини
  • Нискомаслени млечни производи

Што да избегнувате во големи количини:

  • Рафинирани јаглехидрати и шеќери
  • Алкохол
  • Процесирана храна

pravilo-80-20-plan-za-ishrana-so-koj-nikogas-nema-da-mora-da-drzite-dieta-03.jpg

Предности на правилото 80/20:

  • Лесно за следење
  • Нема потреба од броење калории
  • Храната ви е достапна
  • Охрабрува здрави навики

Недостатоци на правилото 80/20:

  • Нема да функционира кај секого
  • Бара прилагодување и подготовка на здрави оброци редовно

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...

Најчитани неделава