Исхраната со која Новак Ѓоковиќ си ја врати силата – 3-дневно мени

Пред неколку години, Новак Ѓоковиќ проба сè за да може да го совлада колапсот на енергијата кој го доживуваше во текот на играта, а на крајот го чинеше неколку трофеи.

ishranata-so-koja-novak-gjokovikj-si-ja-vrati-silata-3-dnevno-meni-001.jpg

Често правел паузи за време на тренинзите како би издржал, а често напорот се јавувал во облик на гадење и повраќање.

Исцрпеноста наводно ја излечил со јога и нутриционист кој му предложил да практикува исхрана која се темели на зеленчук, грав, риба, јаткасти плодови, овошје, семки, леблебија, леќа и здрави масла. Јаглехидратите се сведени на минимум.

Неговиот детален 3-дневен план за исхрана, наводно изгледал вака:

Прв ден

Појадок – голема количина вода, по што консумира 2 лажици мед, мусли со брусници, суво грозје, семки од тиква или сончоглед и бадеми.

Меѓуоброк – крекери без глутен со авокадо и туна.

Ручек – салата од мешан зеленчук, тестенини без глутен, тиквици, аспарагус, сушен домат и вегетаријанско сирење.

Меѓуоброк – јаболко со индиски путер или диња.

Вечера – салата од кељ, киноа, целер и пињоли, сардина, супа или филети лосос.

ishranata-so-koja-novak-gjokovikj-si-ja-vrati-silata-3-dnevno-meni-2.jpg

Втор ден

Појадок – голема количина вода, по што консумира 2 лажици мед, па потоа банана со индиски путер и овошје по желба.

Меѓуоброк – тост без глутен со бадемов путер и мед.

Ручек – салата од зелен зеленчук, тестенини без глутен, црвена пиперка, рукола, индиски ореви, босилек и оцет.

Меѓуоброк – овошје и јаткасти плодови.

Вечера – салата од туна со боранија, грав, рукола, домат или супа од домат.

ishranata-so-koja-novak-gjokovikj-si-ja-vrati-silata-3-dnevno-meni-3.jpg

Трет ден

Појадок – голема количина вода, по што консумира 2 лажици мед, овес без глутен со индиски путер и банана, плус овошје по желба.

Меѓуоброк – домашен хумус и јаболко.

Ручек – салата од зелен зеленчук, тестенини без глутен со песто сос.

Меѓуоброк – авокадо со крекери без глутен.

Вечера – свежа салата од зелен лиснат зеленчук, супа од моркови.

Напомена: Не го започнувајте овој план на исхрана на своја рака, без да се консултирате со стручно лице. Секоја исхрана влијае различно на секое тело, зависно од здравствената состојба. 

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...

Најчитани неделава