10 навики во кујната кои издаваат дека сте неискусен готвач
Грешка: Ги кршите јајцата директно во садот во кој планирате да готвите, наместо да го направите тоа во посебен сад каде прво ќе видите дали јајцето е свежо и здраво.

Ако немате многу искуство во кујната, тогаш сигурно правите одредени грешки.
Од уништување на кујната до погрешно приготвување на одреден производ, кои грешки ве оддаваат дека не сте многу искусен готвач.
Навики во кујната кои издаваат дека сте неискусен готвач:
Ставате смрзнато месо и други прозиводи во тавче со врел зејтин, без пред тоа да го отстраните мразот, па прска зејтин наоколу и може да се изгорите.

Ги миете тестенините по приготвувањето. Вака го отстранувате скробот што им помага на шпагетите и другите тестенини да го апсорбираат сосот.

Ја туркате исечканата храна од даската со остриот дел од ножот, па на тој начин му го оштетувате сечилото – за ова е соодветно да користите дрвен прибор.

Токму пред да пристигнат гостите вие за првпат одлучувате да приготвите некој комплициран рецепт – сакате да ги импресионирате, но ќе сте под голем стрес и голема е веројатноста за промашување.

Кога пржите го преполнувате тавчето, наместо да оставите доволно простор за храната да се испржи еднакво.

Уште 5 навики на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите)
Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате)
На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...