Готвач прави шарени домашни тестенини со уникатни дезени (фото+видео)

Давид Ривило ги прави највеселите и најшарените тестенини што сте ги виделе досега, а за да ги усоврши неговите техники, детално ја проучувал секоја состојка што се користи за тестенини.

gotvach-pravi-shareni-domashni-testenini-so-unikatni-dezeni-foto-video-01.jpg

Сигурно не постои личност која не сака тестенини. Ова е јадење што може да се комбинира со безброј други намирници, лесно е за подготовка, па не е ни чудно што сите уживаме во неговиот вкус.

Додека повеќето купуваме готови тестенини, оние поискусните во кујна сакаат да ги прават и сами, но веројатно ничии тестенини не се споредуваат со оние на Давид Ривило.

Давид Ривило е готвач кој стана на хит на Инстаграм благодарение на домашно направените тестенини во разни бои и со секакви дезени.

Тестенините што ги прави Давид наликуваат на мали уметнички дела, а процесот на изработка е навистина генијален.

Давид користи најобична машинка за оформување на тестенините, но умешно меша тесто со разни бои за да добие впечатливи и уникатни дезени.

„Иако целиот живот јадам тестенини, почнав самиот да ги правам во 2016 година кога се запишав на кулинарско училиште. Оттогаш, откако си ја купив првата машинка, немам купено тестенини во маркет“.

Давид го почнал проектот со шарените тестенини во 2019 година, кога направил дизајн во чест на неговиот омилен уметник.

„Сè започна во 2019 година. Дотогаш веќе експериментирав со бои, а првиот дизајн го направив во чест на Карлос Круз Диаз. Тој ми е омилениот уметник, а тој период почина“.

Првиот дизајн бил инспириран од дело на омилениот уметник на Давид, а бидејќи му се допаднал крајниот резултат, решил да почне и со други дизајни.

Давид открива дека морал да научи многу за правењето тестенини за неговите идеи да бидат успешни.

„Нема многу информации или курсеви за тестенини со дезени. Па, знаев дека ако сакам да направам подобри дезени кои ќе ја задржат бојата и структурата и откако тестенините ќе се сварат, морав да научам многу.

Па, почнав да ја проучувам науката зад секоја состојка што се користи за тестенини. Моите вештини и знаењето од областа на хемијата ми помогнаа многу во целиот процес. Сето ова беше клучно за да ги развијам моите техники“.

Давид има Инстаграм профил што го следат над 38.000 корисници, како и ТикТок профил со околу 1.600 следбеници.

Повеќе фотки и видеа од тестенините на Давид на следната страница …



Би можело да ве интересира:

8 трикови со кои ќе ја приготвите италијанската храна како Италијанец Немојте да ги преварувате тестенините, а кога правите салата, дајте му предност ...
8 трикови со кои ќе го продолжите рокот на свежата храна и ќе ја искористите максимално Чувајте ги морковите во сад со вода, а свежиот лук – во сад со масло. Чувајте...
Грешки во кујна со кои несвесно го расипувате вкусот и на наједноставните рецепти Ако сакате оризот да свари како што треба, немојте да го кревате капакот од тенџ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg