Акни, подуеност, гасови – Знаци дека сте претерале со консумација на јајца

Јајцата зготвени на различни начини на многумина им е омилен оброк за појадок или за брзински ручек кога нема ништо друго, но кои се несаканите ефекти од прекумерно консумирање јајца и како да знаете кога и колку јајца се премногу?

akni-i-mozolchinja-poduenost-gasovi-znaci-deka-konsumirate-premnogu-jajca-01.jpg

Вообичаено се смета дека јајцата се мошне здрави и дека треба редовно да се консумираат.

Според многумина, јајцата го зајакнуваат имунитетот, даваат повеќе енергија, го подобруваат изгледот на косата и на кожата.

Но, колку јајца треба да се консумираат дневно и постојат ли несакани ефекти од претерано консумирање јајца?

akni-i-mozolchinja-poduenost-gasovi-znaci-deka-konsumirate-02.jpg

Според Healthline, во зависност од тоа колку холестерол внесуваат преку другите производи, возрасните луѓе треба да консумираат по 1 до 2 јајца дневно, но не е препорачливо секојдневно.

Доколку имате ризик од срцеви заболувања, тогаш неделно не би требало да внесувате повеќе од 4 до 5 јајца.

Кои несакани ефекти може да се појават во организмот поради прекумерно консумирање на јајца? 

Зголемено ниво на холестерол во крвта

Едно големо јајце содржи во просек околу 186 милиграми холестерол, што е повеќе од половина од дневно препорачаната доза од 300 милиграми, а јајцата најчесто ги консумираме по две.

Така ако секој ден јадете по две јајца тоа значи дека само со нив веќе сте внеле повеќе од дневната препорачана доза холестерол.

akni-i-mozolchinja-poduenost-gasovi-znaci-deka-konsumirate-03.jpg

Зголемен ризик од срцеви заболувања

Општо е познато дека високото количество холестерол во крвта може да предизвика срцеви проблеми, а кај јајцата најпроблематична е жолчката.

Во основа, на лицата што имаат ризик од срцеви заболувања или се соочуваат со срцево заболување им се препорачува во целост да престанат со консумирање жолчки од јајца, секако во консултација со лекар.

akni-i-mozolchinja-poduenost-gasovi-znaci-deka-konsumirate-04.jpg

Подуеност во стомакот

Еден од првите знаци дека сте претерале со консумирањето јајца се проблемите со дигестивниот тракт, како подуеност, зголемено присуство на гасови и болка во стомакот.

Ризикот од подуеност особено е изразен кај лицата што имаат недијагностицирана алергија или се пречувствителни на консумирање јајца.

Доколку забележите ваква појава по дневниот оброк со јајца, пожелно е да направите алерго-тест или тест за нетолеранција.

akni-i-mozolchinja-poduenost-gasovi-znaci-deka-konsumirate-06.jpg

Зголемена резистентност на инсулин

Јајцата содржат големи количества масти. Доколку консумирате премногу јајца, тоа може да има негативен ефект врз нивото на шеќери во крвта.

Поради тоа се зголемува отпорност на инсулин на телото. Панкреасот почнува да произведува зголемено количество инсулин, а нивото на шеќерите во крвта се зголемува.

akni-i-mozolchinja-poduenost-gasovi-znaci-deka-konsumirate-05.jpg

Појава на мозолчиња и акни на лицето

Иако се смета дека јајцата се многу здрави за изгледот на косата и на кожата, сепак зголеменото присуство на хормонот прогестерон во телото (што го има и во јајцата од кокошка) може да предизвика појава на акни и мозолчиња на лицето.

akni-i-mozolchinja-poduenost-gasovi-znaci-deka-konsumirate-07.jpg

Запомнете дека секој организам е различен и секој човек има различен метаболизам, така што не може да се извлече едно универзално правило за сите и не мора да значи дека секој ќе ги има истите симптоми.

Но, доколку забележите какви било промени по консумирањето јајца, најдобро е да се обратите кај лекар и во иднина да направите промени во исхраната.

Исто така, за да немате несакани ефекти најдобро е да се држите до дневната препорачана доза и кога јадете јајца да избегнувате друга храна богата со холестерол.

 Б. С. Б. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

Јајца, путер - Како да откриете дали може да ја јадете храната што ви стои долго? Понекогаш, кога ќе го отворите фрижидерот или шкафчето во кое чувате храна, сфаќ...
9 митови за храната во кои не треба да веруваме Дали навистина пуканките се поздрави од чипсот, жолтите јајца се подобри од бели...
12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
Кулинарски грешки што ниту искусните не се свесни дека ги прават Дали знаете дека доматите не треба да се готват во нелепливо тавче, а дека за пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg