10 неодоливи божиќни десерти што луѓето ги служат низ светот

Божиќ е време кога не се важни подароците кои ќе ги добиеме туку времето поминато со најблиските и секако вкусните задоволства на трпезата. За многу семејства, божиќната вечера не е комплетна без традиционален десерт. 

10-neodolivi-bozhikni-deserti-shto-lugjeto-gi-sluzhat-niz-svetot-01.png

Дел од причината зошто Божиќ е толку магичен е затоа што сè е ново и возбудливо. Мистеријата на Божиќ - звуците, мирисите и атмосферата, сето тоа го прави омилен ден за многумина.

Многу земји во светот веќе го прославија овој прекрасен празник и ниту една трпеза не поминала без нешто слатко.

Во продолжение ви споделуваме една многу вкусна листа од традиционални десерти кои се служат низ светот на Божиќ.

Ако некогаш се најдете во овие земји за време на овие празници - тогаш ќе знаете што да барате за да прославите како што е редот:

Bûche de Noël - Франција

Вкусен десерт од Франција за кој се вели дека датира од околу 1870 година, кога еден париски производител на колачи бил инспириран од ритуалот на Бадник за палење дрво.

Rugelach - Полска

Во Полска не поминува Божиќ без овие печени кифлички од меко тесто. Можат да бидат полни со крем сирење, мармалад или нутела.

Bolo Rei - Португалија

Ова е еден вид сладок леб исполнет со јаткасти плодови, суво овошје, а најчесто со суво грозје и покриен со шеќер во прав. Велат дека тоа е највкусната верзија на овошен колач во Португалија.

Ischokolad - Шведска

Вкусна чоколада што се топи во устата како мраз, омилена за зимата и Божиќ на шведските трпези.

Torrone - Италија

Заедно со традиционалнитe панетоне колачи, ова е уште еден божиќен десерт во Италија. Полно со чоколадо, мед, шеќер и препечени бадеми.

Уште 5 десерти на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Тура со десерти низ Македонија – најубавите благи специјалитети што треба да ги пробате Крушевски локум и пуслици, слатко од смокви во Гевгелија и Валандово, пишии со м...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...

Најчитани неделава