Во Македонија сакаме мекици - Кои специјалитети од пржено тесто треба да ги пробате низ светот?

Мекиците се едно од омилените јадења во Македонија, додека во Шпанија и Португалија доста популарен е специјалитетот познат како churros. Каква храна од пржено тесто се јаде ширум светот?

vo-makedonija-sakame-mekici-a-kakva-przhena-hrana-od-testo-se-konsumira-niz-svetot-01_copy.jpgфото: Инстаграм

Прженото тесто ги надминува културните граници и има длабока историја. Постојат докази дека пржењето различни форми тесто почнало откако пронајдокот на керамиката дозволил маслото да се загрева на поголеми температури.

Крцкави од надворешноста, меки и бели во внатрешноста... Мекица e македонско јадење од тесто кое се пржи во врело масло. Низ светот нема да најдете мекици, но прженото тесто е омилена храна на многу култури.

Затоа, немојте да се изненадите ако најдете многу интересни варијанти на вашето следно патување. Секако, не одете си без да ги пробате и да го земете рецептот за да пробате да ги направите и дома.

Каква храна од пржено тесто се јаде ширум светот?

Bánh Tiêu (Виетнам)

Bánh Tiêu е виетнамска пржена крофна со сусам која е крцкава однадвор.

Често се служи со солени филови како што се мелено свинско месо или ракчиња.

Beignets (Франција)

Beignets е француско печиво направено од пржено тесто и посипано со шеќер во прав.

Овие задоволства често се служат со кафе со млеко и се омилена храна за појадок или ужина во Франција.

Churros (Шпанија)

Churros е крцкаво пржено тесто кое се верува дека потекнува од Шпанија или Португалија.

Обично се служи со богат чоколаден сос за макање и е популарна улична храна низ Шпанија, Португалија и Латинска Америка.

Zeppole (Италија)

Zeppole е вид италијанска крофна направена со пржено тесто и посипана со шеќер во прав.

Често се полни со крем или џем и е популарен десерт за време на празнични сезони.

Lukumades (Грција)

Ова е традиционален грчки десерт направен од пржени топчиња од тесто прелиени со сируп од мед.

Тие често се служат со ореви и цимет и се популарно задоволство за време на празници и фестивали, а доста често се продаваат и по плажи.

Youtiao (Кина)

Youtiao е солено пржено тесто кое често се јаде за појадок во Кина.

Обично се служи со млеко од соја или каша и е популарна улична храна во многу делови на Кина.

Funnel Cake (САД)

Ова е популарна северноамериканска храна која се прави со истурање тесто низ инка во врело масло.

Добиеното пржено тесто потоа се посипува со шеќер во прав и се служи како слатко и крцкаво задоволство.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Тура со десерти низ Македонија – најубавите благи специјалитети што треба да ги пробате Крушевски локум и пуслици, слатко од смокви во Гевгелија и Валандово, пишии со м...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...

Најчитани неделава