Виктор од Скопје за одморот во Египет: „Локалците се многу нападни кога продаваат сувенири, Каиро е незаборавно искуство“

„Дали одморот во Египет беше баш тоа што го замислував? Делумно да, бидејќи не очекував дека ќе видам толкава сиромаштија во толку богата држава, којашто од туризам заработува милијарди на годишно ниво, а од друга страна има нафта којашто економски значајно ја поткрепува државата, но Црвеното Море ги надмина моите очекувања“, вели Виктор Ивановиќ од Скопје за CRNOBELO.com.

viktor-od-skopje-za-letuvanjeto-vo-egipet-ne-ocekuvav-deka-kje-vidam-tolkava-siromastija-vo-tolku-bogata-zemja-01.jpg

За  својот одмор ова лето, Виктор Ивановиќ од Скопје се одлучи за Египет и вели дека за него, Црвеното Море е природен антидепресив. Покрај извонредната архитектура и прекрасните плажи, она што најмногу го изненадило била сиромаштијата и валканите улици, нешто што воопшто не го очекувал од оваа земја која е позната туристичка дестинација.

Неговиот одмор бил прилично активен и со полна агенда со екскурзии и излети во Каиро, Сахара и Рајскиот остров, за кои вели, секој мора да ги посети.

Ова лето, твојот одмор го помина во Египет. Зошто токму оваа дестинација?

Најмногу поради самата географска положба на државата, ми беше огромен предизвик фактот дека Египет се наоѓа во Африка како друг континент, а понатаму и прекрасните критики околу фантастично Црвено море и сета подводна сликовница што ја нуди.

Од друга страна, пустинската клима со волшебната огромна оаза околу реката Нил дополнително ме мотивираше да го посетам Египет. Спојот на еден авантуристичко-рекреативен и едукативен одмор, е нешто што не се пропушта.

viktor-od-skopje-za-letuvanjeto-vo-egipet-ne-ocekuvav-deka-kje-vidam-tolkava-siromastija-vo-tolku-bogata-zemja-09.jpg

Како течеа подготовките за одморот?

Со оглед на тоа што одморот го организирав преку туристичка агенција, физичките подготовки беа во само едно попладне, само го спакував багажот, паричникот и пасошот. Желбата и уплатата на аранжманот во агенцијата беше клучната подготовка.

Кој е твојот прв впечаток од Египет?

Топлотниот бран што го почувствував кога слетав во Хургада не беше нешто неискусено, имајќи го предвид фактот дека имаме топло лето и во Скопје.

Многу ме изненадија валканите улици, пустинската прашина насекаде, многу сиромашен народ којшто живее тешко низ улиците на Хургада, како и низ целиот Египет. Автентичните градби во делот на архитектурата, како за една муслиманска земја, исто така ми дојдоа до израз.

Не смеам да го испуштам податокот дека мачките се присутни во изобилие, а јас како љубител на овие прекрасни животни бев воодушевен од тоа колку се питоми и мили.

Мачките, поаѓајќи од египетската митологија, се сметале за свети животни, чувари на домот и штитници од зло, па затоа Египќаните ги чуваат, сакаат и хранат.

viktor-od-skopje-za-letuvanjeto-vo-egipet-ne-ocekuvav-deka-kje-vidam-tolkava-siromastija-vo-tolku-bogata-zemja-02.jpg

Каде беше сместен и како си задоволен од целокупната услуга?

Бев сместен во хотел со 5 * во „All inclusive“ варијанта којшто беше локализиран периферно, на самиот крај во Хургада, во мирна и тивка населба.

Хотелот располагаше со голем просторен капацитет, сите потребни реквизити, па од услугата сум сосема задоволен бидејќи ги исполни моите очекувања.

viktor-od-skopje-za-letuvanjeto-vo-egipet-ne-ocekuvav-deka-kje-vidam-tolkava-siromastija-vo-tolku-bogata-zemja-04.jpg

Што најмногу ти се допадна, а што те разочара?

Ми се допадна автентичноста на самата држава, богата и вредна историја за што сведочат денешните пронајдоци, прекрасната и претопла морска вода, подводниот живописен морски свет, топлата клима, а најмногу ме разочара страшно изразената сиромаштија и валканост по улиците.

viktor-od-skopje-za-letuvanjeto-vo-egipet-ne-ocekuvav-deka-kje-vidam-tolkava-siromastija-vo-tolku-bogata-zemja-23.jpg

Дали одморот во Египет беше баш тоа што си го замислуваше пред патувањето?

Делумно да, бидејќи не очекував дека ќе видам толкава сиромаштија во толку богата држава, којашто од туризам заработува милијарди на годишно ниво, а од друга страна има нафта којашто економски значајно ја поткрепува државата.

viktor-od-skopje-za-letuvanjeto-vo-egipet-ne-ocekuvav-deka-kje-vidam-tolkava-siromastija-vo-tolku-bogata-zemja-27.jpg

Раскажи ми повеќе за посетата на Каиро. Што те воодушеви?

Каиро е еден бисер во Египет и неслучајно го има епитетот на главен град на државата. Претставува седми град по големина во светот, а низ него пак тече најдолгата река во светот, реката Нил.

Освен тоа, овде се наоѓа и едно од седумте светски чуда, а тоа се беспрекорните пирамиди.

Сиот овој спој на факти придонесува да се чувствуваш посебно што имаш можност да посетиш работи во светот коишто се издвојуваат по своите карактеристики. Според нашата агенда, посетивме повеќе делови во градот, со оглед на времето што ни беше на располагање како за еднодневна екскурзија.

Најнапред ги посетивме пирамидите, потоа ја видовме прекрасната сфинга како нивен заштитник, потоа бевме во Египетскиот национален музеј каде што видовме огромен број на изложби низ целата историја на Египет, крстаревме по реката Нил и имавме можност да видиме автентични градби околу неа, бевме во големата парфимерија и имавме можност да видиме голем број на парфеми, при што и си се подновив со карактеристичен парфем од нивните простори.

Од посетата на Каиро најмногу ме воодушеви генијалноста на древниот египетски народ и нивната способност да направат многу корисни работи за човештвото, најмногу од сè, нивната креативност што е евидентна низ богатата архитектура.

Прецизноста на изградените пирамиди и сфингата исто така беа причина за моето воодушевување.

viktor-od-skopje-za-letuvanjeto-vo-egipet-ne-ocekuvav-deka-kje-vidam-tolkava-siromastija-vo-tolku-bogata-zemja-03.jpg

Ја посети и пустината. Какво беше тоа искуство?

Моментот кога се наоѓаш изолиран од цивилизацијата, облеан со прејако и блескаво сонце, чисто сино небо, песок, ветер и прашина, една огромна бескрајна површина, дава чувство на слобода, а од друга страна пак и чувство на загриженост доколку, на пример, посакаш да се напиеш вода.

Искуството ми беше одлично и секако, ново и неочекувано.

viktor-od-skopje-za-letuvanjeto-vo-egipet-ne-ocekuvav-deka-kje-vidam-tolkava-siromastija-vo-tolku-bogata-zemja-32.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работев во Етиопија 8 месеци како градежен инженер – сакав да се вратам назад со првиот... „Кога пристигнав во кампот, од сите страни беше затворено со бетонска ограда вис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg