Виктор од Скопје за одморот во Египет: „Локалците се многу нападни кога продаваат сувенири, Каиро е незаборавно искуство“

Какви се локалците?

Локалците се генерално питоми луѓе, насмеани и позитивни, не настапуваат конфликтно и насилно, но исто така се и премногу нападни со нивната желба да продадат некаков сувенир, услуга, аранжман за екскурзија, активност и така натаму.

Сето тоа го прават бидејќи стандардот во Египет е исклучително низок и нивните плати се изразено мали. За тоа сведочи и сиромаштијата во којашто живеат самите.

viktor-od-skopje-za-letuvanjeto-vo-egipet-ne-ocekuvav-deka-kje-vidam-tolkava-siromastija-vo-tolku-bogata-zemja-17.jpg

Колку ти се допадна Црвеното Море?

Досега можам да кажам дека е најубавото море коешто го видов. Денот кога пловевме со брод во насока на Рајскиот остров, неговата светлосина и тиркизна боја ми даде чувство на смиреност, од мој аспект сметам дека е природен антидепресив.

Богатиот морски свет, безброј корални гребени со живописен жив свет во него, дава слика како на филм.

viktor-od-skopje-za-letuvanjeto-vo-egipet-ne-ocekuvav-deka-kje-vidam-tolkava-siromastija-vo-tolku-bogata-zemja-14.jpg

Во хотелот, покрај Македонци, од кои други земји имаше туристи?

Најмногу забележав Руси, Кинези, Корејци, Јапонци, население од далечниот Исток. Но исто така имаше и некои Германци, Французи, Шпанци, други словенски народи, секако и Срби.

Имаше и туристи од Египет, како и Арапи од околните соседни земји

viktor-od-skopje-za-letuvanjeto-vo-egipet-ne-ocekuvav-deka-kje-vidam-tolkava-siromastija-vo-tolku-bogata-zemja-19.jpg

Каква е египетската клима? Дали е пеколно топло?

Египетската клима е карактеристична пустинска клима со пеколни температури во текот на денот, коишто можат да се искачат и до 45 степени целзиусови, а ноќните температури пак паѓаат до 29 степени целзиусови.

Климата е со суви и топли, исклучително сончеви лета, а зимите се благи и идеални за нашите апетити. Предноста е што денот е краток, сонцето почнува нагло да слабее после 16 часот и веќе по 19 часот се стемнува, па затоа не е тешко поднослива.

viktor-od-skopje-za-letuvanjeto-vo-egipet-ne-ocekuvav-deka-kje-vidam-tolkava-siromastija-vo-tolku-bogata-zemja-33.jpg

Што им препорачал на оние кои планираат да го посетат Египет?

Да уживаат во секој момент додека престојуваат таму, да пробаат различни адреналински и рекреативни искуства, да го посетат Каиро, Луксор, да го посетат Рајскиот остров, да ја видат Сахара, да пијат многу вода, да понесат и да користат квалитетен крем за сончање и да ја нанесуваат постојано за да ја добијат потребната заштита од јакото сонце, да дегустираат различни видови храна, да си играат и да ги галат мачките, да се ценкаат во секоја продавница во којашто ќе влезат доколку сакаат да купат нешто, да го видат живописниот воден свет во Црвеното море и да понесат позитивна енергија со себе.

viktor-od-skopje-za-letuvanjeto-vo-egipet-ne-ocekuvav-deka-kje-vidam-tolkava-siromastija-vo-tolku-bogata-zemja-26.jpg

Каква е египетската кујна? Дали проба некој локален специјалитет?

Египетската кујна е карактеристична за нивните простори. Изобилува со многу зеленчук од којшто најчесто се користи домат, краставица, пиперка, црвен кромид, леблебија, ориз, модар патлиџан и тиквички, боранија, морков, грашок, а од овошките - урмите и хибискусот се доминантни.

Пробав секако разни оризови и зеленчукови супи од нивните специјалитети, телешко месо во ролат, печено пилешко месо, арапскиот леб, разни салати богати со разновиден зеленчук.

viktor-od-skopje-za-letuvanjeto-vo-egipet-ne-ocekuvav-deka-kje-vidam-tolkava-siromastija-vo-tolku-bogata-zemja-31.jpg

Која е твоја следна дестинација која сакаш да ја посетиш?

Дефинитвно се многу на списокот, но би ги издвоил некои градови во Шпанија, како и Тенерифе, Дубаи, Мароко, Мексико, Куба и Бразил.

viktor-od-skopje-za-letuvanjeto-vo-egipet-ne-ocekuvav-deka-kje-vidam-tolkava-siromastija-vo-tolku-bogata-zemja-25_copy.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

На одмор со семејство Марковски на Тасос: „Патувавме 7 часа од Скопје, траектот нè чинеше 84 евра, с... „Бевме вo all-inclusive хотел за првпат, но сфативме дека сепак сме повеќе за ше...
На одмор со Александра П. Илиевска во Пореч: „Има природни сенки, водата беше топла за Јадран, лежал... „Ова мирно место се наоѓа на Истра во Хрватска и идеално е за семејства кои...
На одмор со Миро Кацаров во Калитеа: „Бевме со моите родители и со децата – мајка ми готвеше, не шет... „Секоја година имаме традиција, во јуни одиме на одмор со мајка ми, татко ми и д...
На одмор со Таско во Врасна: „Мирно е, идеално за со мали деца, бевме сместени на 20m од плажа“ „Децата не сакаат да пливаат, претпоставувам дека кога ќе видат толкава површина...
На одмор со Даниел Данн во Атина: „Бев сам 8 дена, плажите се убаво организирани - кафе е од 3€, леж... „Сместувањето буквално го резервирав истиот ден додека возев кон Атина. Но, врв ...
На одмор со Маја Глигоровска во Сани Бич: „Лежалки се од 50 до 300€ за сет, на граница чекавме само ... „На одмор повеќе сакам да уживам во локалната храна, па често јадевме во рестора...

Најчитани неделава