Марко Џамбазоски: „Сакам да истражувам и да покажам дека Македонија е многу повеќе од Скопје и Охрид“

На овој начин успеа да ја истражиш и традиционалната кујна на Македонија. Кои јадења те оставија без збор?

Уф, морам да признаам дека уживам во храна, а особено во храна која е подготвена со љубов. Интересно е дека тоа што во суштина го избегнувам дома во Скопје, уживам да го јадам кога сум на некое од моите патувања.

На пример, никогаш не сум бил преголем љубител на сирење, но не можам да го заборавам тоа на тетка Бојана и нејзиниот сопруг Војо во село Стањевци, кои откако нѐ видоа веднаш нѐ повикаа на гости, среќни дека ќе имаат со кого да го поделат свежо приготвеното домашно сирење.

Домашните зелници се исто така нешто што не би го одбил, но, можеби најмногу уживам кога некој ќе нѐ пречека со домашен сок од малини или капини, особено во летните горештини.

marko djambazoski sakam da istrauvam i da pokazam deka makedonija e mnogu poveke od skopje i ohrid 1 copy

За секое село кружат различни приказни. Кои легенди ти се посебно интересни за македонските села?

Секое село крие некоја легенда и навистина е интересно да ги слушаш овие преданија раскажани од самите селани. Едно од поомилените ми е легендата за камената свадба во Куклица.

Но, исто така ме интересираат и оние вистински приказни, како на пример онаа за настанувањето на едно од најмладите природни езера на овие простори - Моклишкото езеро, една трагична приказна во која пред 67 години животот го губат 11 жители на селото кои остануваат затрупани под километарска земјена лавина.

Оваа голема количина на земја ја преградила долината на Бунарска Река и така од трагедија се родило ова живописно и уникатно езеро кое денес изнудува воздишки.

 marko djambazoski sakam da istrauvam i da pokazam deka makedonija e mnogu poveke od skopje i ohrid 10 copy

Често знаеш и да кампуваш за време на твоите патувања. Кои локации се најпогодни за поставување на шатор? 

Првата асоцијација за кампување ми е некаде покрај вода или некој убав панорамски поглед од височина. Доколку во овој момент би се решил да кампувам можеби би поставил шатор на Топлите Вирови, Сифулајка, ридот покрај Раштак, некаде на Кожуф или покрај Преспанското езеро.

marko djambazoski sakam da istrauvam i da pokazam deka makedonija e mnogu poveke od skopje i ohrid 2 copy

Тука може да го завршиме разговорот. Кои места планираш да ги посетиш во следниот период?

И јас се прашувам каде ќе ме однесе следната авантура бидејќи ретко правам планови и сакам да патувам спонтано, па веројатно ќе дознаете од некоја наредна објава на Инстаграм.

marko djambazoski sakam da istrauvam i da pokazam deka makedonija e mnogu poveke od skopje i ohrid 11 copy

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работев во Етиопија 8 месеци како градежен инженер – сакав да се вратам назад со првиот... „Кога пристигнав во кампот, од сите страни беше затворено со бетонска ограда вис...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg