Бојана од Скопје живее во САД: „Флорида не беше мојот прв избор за живот, но љубовта ме задржа тука“

„Флорида не беше мојот прв избор, но љубовта си го прави своето и останав овде заради сопругот. Не ми се допаѓа тоа што Американците не знаат да живеат со полн здив. Работат премногу и не уживаат доволно според мои стандарди. Мојот сопруг ја обожава Македонија и сакаше едно време да се преселиме таму, меѓутоа се случи ковид, па плановите ни се сменија“ – раскажува Бојана Тиноко за животот во Тампа, Флорида.

bojana-tinoko-od-skopje-zivee-na-florida-ostanav-zaradi-ljubovta-amerikancite-premnogu-rabotat-i-ne-uzivaat-dovolno-01_1_copy.jpg

Бојана Тиноко (40) од Скопје, со сопругот и ќерката живеат во близина на Тампа, град на западниот дел на Флорида кој излегува на Мексиканскиот Залив. Со сопругот имаат компанија за видео продукција, маркетинг и социјални мрежи,

„Дедо ми е Дарко Дамевски, еден од нашите великани од постарата генерација. Татко ми, Александар Чамински, е исто така глумец кој не живее во Македонија, а вујко ми е Мони Дамевски, кој е исто така наш глумец и продуцент, попознат во последно време како директор на филмскиот фестивал Манаки.

И покрај тоа што потекнувам од фамилија на глумци, не тргнав по тој пат. По професија сум уметник, аниматор и мултимедија дизајнер“.

Како се случи да заминеш во Америка?

Америка е дел од мојот живот уште откако бев мала. Баба ми се пресели во Њујорк кога имав 7 години и живееја таму со дедо ми долго време. Ги посетував често, а кога бев тинејџерка јас и сестра ми се преселивме во Флорида да учиме средно училиште.

Потоа, се вративме извесен период назад во Европа, па јас продолжив на факултет во Малезија каде што живеев 3 години.

Тука се вратив бидејќи дојдов на додатни студии и го запознав сопругот, па решив да останам. Живеам овде 12 години од последниот пат кога се вратив.

bojana-tinoko-od-skopje-zivee-na-florida-ostanav-zaradi-ljubovta-amerikancite-premnogu-rabotat-i-ne-uzivaat-dovolno-08.jpg

Што беше пресудно за да се одлучиш да останеш да живееш таму?

Сопругот, за жал (ха ха). Флорида дефинитивно не беше мојот прв избор, меѓутоа љубовта го прави своето.

Сопругот ми е Американец од Лос Анџелес со латино американско потекло.

Се запознавме на интересен начин. Тој работеше со наши заеднички познаници, па се запознавме онлајн. Јас работев во истата бранша и требаше да дојдам во Флорида за обука.

Кога дојдов се запознавме во живо и после обуката решив да останам тука.

bojana-tinoko-od-skopje-zivee-na-florida-ostanav-zaradi-ljubovta-amerikancite-premnogu-rabotat-i-ne-uzivaat-dovolno-05.jpg

Инаку и мојата фамилија, а и семејството на мојот сопруг живеат на разни страни низ светот, така што свадбата ни беше интимна и само со најблиските што ни беа тука.

Меѓутоа, зборувавме да направиме една голема забава со обновување на заветите на една локација во која ќе може да ги собереме сите. Тоа ќе биде предизвик ама имаме некои идеи. Можеби во Македонија.

И покрај тоа што живееме на разни страни, јас сум блиска со неговата фамилија бидејќи имаат латино американско потекло и се слични на нашиот менталитет. Имаа слушнато за Македонија и се луѓе кои сакаат да патуваат, па сакаат и да ја посетат нашата земја еден ден.

Дали животот на Флорида е како на филмовите? Како изгледа едно обично секојдневие?

Животот во Флорида е поинаков од македонскиот. Американците живеат за да работат, а кај нас сѐ уште се работи за да се живее.

Тоа мислам дека ми беше една од најтешките работи за надминување.

bojana-tinoko-od-skopje-zivee-na-florida-ostanav-zaradi-ljubovta-amerikancite-premnogu-rabotat-i-ne-uzivaat-dovolno-20.jpg

Флориѓаните се доста пријатни и сакаат да се од помош. Кога не се на работа, сакаат да се на плажа или да спортуваат. Се разбира, сите сакаат да се забавуваат така што после работа цела недела, за викенд одат обично на вечера или во клубови во сабота, а во недела на бранч.

Најмногу доселеници има од Куба во Флорида поради блискоста. На некои места, како на пример во Мајами не те ни прашуваат дали зборуваш шпански, туку автоматски ти зборуваат на шпански. Дури и билбордите се на шпански.

Кои се најголемите културни разлики кои беа шок и за тебе? 

Има голема разлика во културата. Иако сум живеела на повеќе места, сепак местото од каде што доаѓаме има најголемо влијание врз нашиот менталитет.

Јас сум растена во центар на Скопје каде што е гласно и има движење нон стоп, особено летно време. Кога дојдов овде ми беше премногу тивко и без многу движење. Исто не можев да разберам како може луѓето да живеат толку здодевен живот - само работа цела недела.

bojana-tinoko-od-skopje-zivee-na-florida-ostanav-zaradi-ljubovta-amerikancite-premnogu-rabotat-i-ne-uzivaat-dovolno-24.jpg

Меѓутоа кога почнав малку повеќе да ја истражувам околината видов дека и Америкаците знаат да се забавуваат, само го прават тоа на поинаков начин.

Пловат со бродови, скутери на вода, барови на вода, руфтоп барови, бродови кои нудат вечера на зајдисонце и гледање делфини, парасејлинг (летање со падобран влечен од брод), фрлање секири, пеинтбол и слично.

Што е она што според тебе е најубаво на Флорида? Зошто би рекла дека животот во Тампа е убав?

Природата дефинитивно! Природата овде е нереална. Водата, особено овде во Мексиканскиот Залив е зелена, чиста и топла без големи бранови.

bojana-tinoko-od-skopje-zivee-na-florida-ostanav-zaradi-ljubovta-amerikancite-premnogu-rabotat-i-ne-uzivaat-dovolno-27.jpg

Небото менува бои од сите нијанси на сино до розово, портокалово и виолетово. Не требаат филтри!

Флорида е рамна, нема планини и е многу сончева цела година. Без разлика колку и да се крати денот, поради тоа што е рамна секогаш има многу светлина. Затоа второто име на Флорида е Sunshine State.

bojana-tinoko-od-skopje-zivee-na-florida-ostanav-zaradi-ljubovta-amerikancite-premnogu-rabotat-i-ne-uzivaat-dovolno-32.jpg

Животот во Тампа е убав затоа што има многу активности. Тука имаме еден од најдобрите бејзбол и хокеј тимови во цела Америка.

Има доста концерти, гостувања на големи и помали бендови, групи, и диџеи, мјузикли од Бродвеј, итн. Фестивали како Гаспарила која е во чест на Хозе Гаспар, пират кој ги тероризирал водите тука во Тампа. Во негово име се прави фестивал кој трае една недела и неговиот брод плови низ водите во Тампа.

Меѓутоа, мене омилена ми е сезоната на Ноќта на Вештерките затоа што Американците одат до крај! Традицијата trick or treat каде што децата одат до врата на врата маскирани и собираат чоколади е буквално како од филмовите, а декорациите на куќите се неверојатни! Од цели гробишта во двор со духови, преку познати филмски убијци, до вампири и кловнови итн.

Навистина овој период е најинтересен. Толку е забавен што дури и забавните паркови тука имаат тематски вечери цел месец октомври во името на хоророт.

bojana-tinoko-od-skopje-zivee-na-florida-ostanav-zaradi-ljubovta-amerikancite-premnogu-rabotat-i-ne-uzivaat-dovolno-36.JPG

На пример, оваа година паркот Universal Studios во Орландо ја има темата Stranger Things.

bojana-tinoko-od-skopje-zivee-na-florida-ostanav-zaradi-ljubovta-amerikancite-premnogu-rabotat-i-ne-uzivaat-dovolno-37.JPG

bojana-tinoko-od-skopje-zivee-na-florida-ostanav-zaradi-ljubovta-amerikancite-premnogu-rabotat-i-ne-uzivaat-dovolno-22.jpg

Флорида е мета на урагани и невремиња постојано. Што се презема за населението да се чувствува безбедно во овие периоди?

Ураганите тука се нешто што е прифатено како нормално и очекувано. Жителите на Флорида знаат да се шегуваат на сметка на иселеници од други држави кои се плашат од урагани кога ќе дојдат овде бидејќи населението е толку навикнато на нив.

Сезоната на урагани почнува во август и трае до ноември. Во овој период доста врне и се знае дека веројатноста за урагани е голема, така што и локалните и државните власти, како и населението, прави подготовки за можни невремиња.

Во зависност од брзината со која се движи невремето обично поминува низ област за околу еден ден во кој треба да си на безбедно затворен. Ние обично ставаме капаци на прозорците за да не летне некоја гранка, и имаме батерии и конзервирана храна во случај да снема струја.

bojana-tinoko-od-skopje-zivee-na-florida-ostanav-zaradi-ljubovta-amerikancite-premnogu-rabotat-i-ne-uzivaat-dovolno-02.jpg

Штом помине ураганот, разни видови на групи и работници, како и волонтери, се спремни за да се справат со штетите како на пример враќање на струјата, чистење на гранки, дрвја и ѓубре и една од најголемите можни штети, поплавите.

Досега тука кај нас најопасен ураган кој што помина е Ирма, пред околу 6 години.

Инаку, тука има и згради и прозорци направени да издржат урагански ветрови до категорија 5, што е најсилната категорија, меѓутоа секогаш властите им препорачуваат на оние кои живеат покрај вода да се евакуираат за да избегнат поплави.

Најскорешниот беше Идалија чиј центар беше на 240 километри оттука, така што имавме само ветрови со силина на тропска бура, кои се многу помали од ураганските ветришта и немавме голема штета.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Марко Џамбазоски: „Сакам да истражувам и да покажам дека Македонија е многу повеќе од Скопје и Охрид... Марко Џамбазоски од Скопје со неговиот авантуристички дух постојано ја истражува...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Драган од Скопје за животот на Флорида: „Луѓето во Тампа се прељубезни, полицаец ми ја подари својат... „Луѓето на Флорида знаат да почнат разговор со вас иако не ве познаваат, да ве п...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Ервин Цого го замени Скопје со живот во мал град во Швајцарија: „Сè е совршено, но ми фали бурек – н... „Фрибург е мал, но е симпатичен град. Има убави места кои може да се посета...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg