Сандра од Скопје за животот на брод: „Се работи 7 дена неделно, цели 6 месеци, на крајот на договорот психичкиот умор те совладува“

„Животот на екипажот зависи многу од самиот брод, дали е нов или стар. Доколку е нов бродот, тогаш генерално има многу повеќе простор за екипажот, подобар фитнес-центар, посреден ресторан итн. Но, квалитетот на животот зависи и од позицијата, а условите за живот се многу подобри ако работиш како офицер“, вели Александра Цветковска (32) од Скопје за CRNOBELO.com.

sandra-od-skopje-raskazuva-za-zivotot-na-brod-i-ljubovta-kon-planinite-makedoncite-na-brod-se-del-od-golemoto-slovensko-semejstvo-01.jpg

За животот на брод и сите авантури, но и за нејзината љубов кон планините и природата разговаравме со Александра Цветковска (32) од Скопје.

Со авантуристичка душа и страстен планинар, таа има посетено околу 50 држави низ светот додека работела на брод, но има и многу приватни патувања. За себе вели дека има повеќе од една професија и смета дека е многу важно да се адаптира на пазарот и постојано да вложува во изучување на нови теми.

Формално има завршено факултет за политички науки, а последната работна позиција ѝ била како асистент административен Офицер.

sandra-od-skopje-raskazuva-za-zivotot-na-brod-i-ljubovta-kon-planinite-makedoncite-na-brod-se-del-od-golemoto-slovensko-semejstvo-05.jpg

На брод работела повеќе од три години, почнала како фотограф, а потоа како дел од тимот за услуга на гостите.

Нејзината бродска кариера започнала бидејќи ѝ се чинела како полн погодок за патување и запознавање на нови и различни култури. Вели дека нема искусено морска бура, пред сè бидејќи стабилизаторите на бродовите се навистина силни и ефикасни, но додава дека одлично се спие со благото нишање на бродот.

За CRNOBELO.com Сандра го споделува нејзиното искуство како модерен морепловец, за земјите кои ги посетила и за сите работни предизвици кои ги носи работењето на брод:

Колку време работеше на брод? За која агенција и на која позиција?

На брод работев од 2020-та година, па до неодамна, односно 3 години. Првите два договори работев како професионален фотограф, а последните два како дел од тимот за услуга на гости (guest services). Работев со бродската компанија Princess Cruises директно, не со посредничка агенција.

Како се роди идејата да работиш на брод?

Секогаш сакав да патувам, да запознавам луѓе од најразлични култури и да учам, па затоа оваа работа ми се чинеше како полн погодок.

Раскажи ни малку за твоето бродско искуство...

Многу интересно искуство генерално. Запознав многу луѓе, стекнав пријатели за цел живот и научив толку многу, не само околу професијата, туку и генерално за животот.

Многу интересно ми беше тоа што речиси секој ден се будиш во нов град, па и држава. На пауза одиш на плажа, на ручек или пак на некоја екскурзија којашто ќе те остави подзинат.

Дефинитивно, многу интересно поминати месеци, со толку многу нови впечатоци секојдневно.

sandra-od-skopje-raskazuva-za-zivotot-na-brod-i-ljubovta-kon-planinite-makedoncite-na-brod-se-del-od-golemoto-slovensko-semejstvo-04.jpg

Која е лошата, а која е добрата страна од работењето на брод?

Ќе почнам со добрата прво. Светот е полн со прекрасни луѓе, кои иако прво се странци, за кратко време ти стануваат семејство.

Научив толку многу од нив, се запознав и себеси нешто подобро, благодарејќи на тоа искуство.

Освен ова, секако патувањето, а и заработката се плус. Само да напоменам дека слободното време многу зависи од позицијата, па така додека работев како фотограф имав и по цел ден пауза некогаш, а пак како офицер, просечната пауза ми беше 4 часа.

Не толку позитивната работа се исто така луѓето. Е, тука научив дека опкружувањето може да направи да дадеш сè од себе за работата да биде завршена одлично, за сè да оди како подмачкано или пак да не ти се оди на работа.

Еден лош директен менаџер и многу од тоа доброто пропаѓа во вода екстремно брзо.

Сепак, станува збор за работа 7 дена во неделата, 6 месеци по ред и кон крајот на договорот психичкиот умор целосно те презема. Ова го имам забележано кај сите други колеги исто така, и е една од негативните страни на ваквиот вид на работа.

Колку трае еден договор, а колку одморот?

На мојата позиција, а и на повеќето во оваа компанија, еден договор трае околу 6 месеци, а одморот трае околу 6 недели.

Повеќето позиции имаат неплатен одмор, па така ако сакаш да си го продолжиш одморот, имаш таква опција, секако со барем 1 месец најава однапред.

sandra-od-skopje-raskazuva-za-zivotot-na-brod-i-ljubovta-kon-planinite-makedoncite-na-brod-se-del-od-golemoto-slovensko-semejstvo-03_copy.jpg

Опиши ми еден твој работен ден како фотограф на брод

Ова зависи од тоа дали сме во некое пристаниште или на море.

Доколку сме во некое пристаниште, тогаш зависно од смената, може ќе фотографираш гости како излегуваат на копно или пак ќе уживаш на некоја плажа. Пред бродот да исплови, исто така зависи од распоредот, можеби фотографираш на позадина, околу бродот или пак работиш во галеријата.

Додека пак, доколку сме на море цел ден, тогаш освен сликањето на позадини, и мини фотосесии низ бродот, работиш во галеријата на продажба на фотографии и одговараш на прашања. Како фотограф, смените некогаш знаат да бидат долги, поготово на при ден на море.

Каков е животот за екипажот, храна, забави, дружење и, секако, љубовни врски?

Животот на екипажот зависи многу од самиот брод, дали е нов или стар.

Доколку е нов бродот, тогаш генерално има многу повеќе простор за екипажот, подобар фитнес-центар, посреден ресторан итн.

Квалитетот на животот зависи и од позицијата. Генерално, условите за живот се многу подобри доколку работиш како офицер, во споредба со другите позиции.

Љубовните врски кои се случуваат таму за некои опстануваат, за повеќето не. Дојдов до заклучок дека таквиот брз начин на живот, постојано движење и нови работи често ги менуваат луѓето и нивните очекувања од тоа што е врска. Исто е и со пријателствата.

Повеќето се многу силни додека работите заедно, но потоа патот ве носи на разни страни на светот. Некои луѓе ги гледаш повторно, додека пак други не. Почнуваш да прифаќаш дека тоа е нормално, иако е доста тажно.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Битолчанката Дивна 13 години работи на брод: „Од аниматор за деца стигнав до директор на одделот, Ма... „Со оглед дека во Македонија беше тешко да се добие работна позиција по завршува...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Бетика, Ледената Македонка за посетата на Занзибар и Кенија: „Секаде патував сама и се чувствував бе... „Запознав многу локалци во Занзибар, им се восхитував на позитивната енергија шт...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg