Сандра од Скопје за животот на брод: „Се работи 7 дена неделно, цели 6 месеци, на крајот на договорот психичкиот умор те совладува“

На твојот Инстаграм објавуваш фотографии од твоите патувања, но од планинарење. Колку често одиш на планина?

Планинарењето за мене има две страни. Едната е додека одам нагоре и си мислам што ми требаше олку да се мачам. Додека пак другата е кога ќе стигнам на врвот и тоа чувството на успех ќе ме обземе и веќе планирам каде наредната недела.

Одењето на планина е многу добро за себезапознавање, градење на кондицијата, подобрување на работата на телото.

sandra-od-skopje-raskazuva-za-zivotot-na-brod-i-ljubovta-kon-planinite-makedoncite-na-brod-se-del-od-golemoto-slovensko-semejstvo-06.jpg

Што те мотивира за планинарење?

Ги сакам планините, сакам да сум таму најчесто што можам. Но, исто така и знам дека е корисно за мене, дека станувам физички, а и ментално посилна со секое ново искачување.

Плус, погледот од горе те полни со поинаква енергија, навистина е тешко да се преточи во зборови, туку мора да се искуси.

Колку планини имаш посетено во Македонија и која е твоја омилена?

Ги имам посетено повеќето големи планини, и искачено многу од нивните врвови, но не сите, засега.

А кога станува збор за омилени помеѓу сите, навистина е многу тешко да се избере. Иако нашата држава е толку мала во споредба со другите, сепак е толку разнолика и богата.

Ќе набројам неколку што ми оставиле многу убав впечаток, и се надевам дека другите врвови „нема да се налутат“.

- Шар Планина како најчесто посетувана. Омилени места, Лешница која важи за Македонските Алпи, Врв Плат поради прекрасниот поглед, Боговињско Езеро поради патеката дотаму којашто поминува покрај планинска река.

Списокот никако не е целосен ако не го споменам и Љуботен.

- Кораб и целата Корабска трансверзала којашто се надевам дека некогаш ќе имам кондиција да ја изодам во целост. Врв Рибничка Скала е причината зошто тргнав на планина. Тоа беше првиот мој повисок врв, а погледот од таму ниту една фотографија не може да го долови.

Врв Кораб, највисокиот врв во Македонија. Овој врв само што го качив во септември, и беше многу убаво искуство секако исполнето со прекрасни погледи.

- Врв Сандакташ, Национален парк Маврово. На убав сончев ден од таму се гледаат повеќето планински масиви во Македонија и е нешто што мора да се види.

Дали планираш да искачиш некои од познатите планинарски врвови во светот?

Накратко, не, не би сакала. Би сакала да отидам во Непал и северниот дел на Пакистан и да прошетам низ некои од тие планински села со убав поглед на големите планини, но не би сакала да ги искачам.

Како се подготвуваш за планинарење?

Зависи од времето што се очекува на планина. Но дури и во летни услови, носам јакна на пример, како и ќебе за спасување (направено од алуминиумска фолија, целта е да ја задржи температурата на телото додека дојдат спасувачите).

Освен ова, секогаш имам ракавици, бандана, крем со фактор.

Исто така носам храна која знам дека ми одговара и има хранлива вредност. Избегнувам грицки, а од пред некој месец престанав и со протеински барови во целост. Место тоа, носам урми и друго суво овошје, како и јатки.

Мали пакувања на мед ми се имаат најдено исто многу за моментално подигање на нивото на шеќерот.

За планинарењето и опремата, како и други искуства пишувам и на мојот Инстаграм профил и не ми е проблем да одговорам на прашања доколку некој го интересира нешто конкретно околу овие мои искуства.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / Фото: Приватна архива



Би можело да ве интересира:

Искра од Скопје за животот во Брно: „Ако дојденец стапи во брак со Чех - доаѓа љубовна полиција, Чес... „Во Македонија имаше еден долг тежок период, кога се чувствував како пеперутка н...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Марко Марк го посети Њујорк: „Градот е спектакуларен, овошјето има вештачки вкус, билет за Бродвеј е... „Како што чекорев низ Централ парк, препознавав локации од Home Alone, а видов и...
Го посетив замокот Голубац кој е на 5 часа возење од Скопје - Што ме импресионираше кај „скапоцениот... Го нарекуваат „скапоцениот камен“ на Србија, а многу од луѓето во регионот не зн...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg