Ива од Скопје за одморот на Малдиви со две мали деца: „Сменивме 3 авиони и глисер, патот е напорен, но искуството фантастично“

На родителите најчесто првата мисла им е: како да отпатуваме толку далеку, а што ако некое од децата се разболи, што ако плачат во авион и сл. Каков е вашиот став за ова прашање и што би ги советувале? Гледавте ли опција за „не дај боже“?

Сосема е нормално родителите да чувствуваат загриженост кога планираат патување со своите деца, особено кога станува збор за долги и непознати дестинации.

Патничкото осигурување е нешто без кое никогаш не одиме никаде и за наша среќа, не сме имале многу здравствени проблеми додека патуваме. Исто така, секогаш со нас ја носиме и домашната аптека за време на патувањата, а дополнително пред да отпатуваме, се информиравме дека ресортот има своја клиника и доктори, па сето тоа ни обезбеди дополнително чувство на мир и спокојство.

Во однос на плачењето во авион, останете смирени, успокојте ги децата и пробајте да им го одвлечете вниманието со играчки, грицки и забава. Погрижете се да се добро нахранети и хидрирани, бидејќи гладот или жедта може да придонесат да им биде непријатно.

iva-mateski-od-skopje-za-odmorot-na-maldivi-so-dve-mali-deca-patot-e-naporen-i-trae-24-casa-no-iskustvoto-e-apsolutno-fantasticno-07.JPG

Дополнително, за време на полетувањето и слетувањето, внимавајте на промените во воздушниот притисок што може да предизвика иритација во нивните уши и поттикнете ги да голтаат или цицаат цуцла. Најважно е да имате на ум дека тоа е привремена фаза и вашето трпение и разбирање ќе придонесат многу за да го направат летот поудобен и за вашите деца, а и за сопатниците.

Во нашиот ресорт имаше посебено детско катче во рестораните, каде што имаше шведска маса во симплифицирана верзија за дечињата. Најчесто таму беа послужени омилените работи на децата од 2 години, па нагоре како што се тестенини, пица, зеленчук и овошје, палачинки во форми на животните од морскиот свет, компирчиња, разновидни слатки итн.

За бебињата, конкретно и во мојот случај за помалото детенце правев комбинација од понудата на шведската маса која беше за возрасните и истото ми го носеа незачинето или изблендирано во зависност од јадењето.

Со храната дефинитивно немавме никаков проблем; напротив, дечињата уживаа пробувајќи егзотични овошја кои кај нас и ретко можеме да ги најдеме по полиците во маркетите.

iva-mateski-od-skopje-za-odmorot-na-maldivi-so-dve-mali-deca-patot-e-naporen-i-trae-24-casa-no-iskustvoto-e-apsolutno-fantasticno-18.JPG

Каква е климата во октомври на Малдиви? Дали беше премногу топло и влажно? Возможно ли е да се помине целиот ден на плажа или сонцето е премногу силно?

Крајот на октомври е и крајот на врнежливата сезона на Малдиви. Денот е сè поголем, температурата е од 27-30 степени, а влажноста на воздухот е константно од 70-80%.

Влажноста највеќе ја почувствувавме кога слетавме на Малдиви, а потоа веќе се навикнавме и не ни пречеше.

Времето супер нѐ послужи, деновите беа сончеви, иако еднаш ни заврна, но тоа траеше само неколку минути и за кратко беше сѐ суво, како да не заврнало воопшто. Тие кратки и дневни врнежи на Малдиви воопшто не влијаат на падот на температурата.

iva-mateski-od-skopje-za-odmorot-na-maldivi-so-dve-mali-deca-patot-e-naporen-i-trae-24-casa-no-iskustvoto-e-apsolutno-fantasticno-21.JPG

Во однос на тоа дали може да се помине цел ден на плажа е многу индивидуално. Ние не форсиравме ништо, остававме децата да покажат.

Имаше денови кога попладневната дремка ја имаа на плажа и останувавме подолго, а имаше и денови кога одевме во вилата да спијат на поладно. Секако, во најтоплото бевме под сенка и останувавме хидрирани.

Кои се вашите впечатоци, уживаа ли дечињата, а и вие на оваа прекрасна егзотична дестинација?

Иако многу луѓе мислат дека нема смисла малите деца да одат на долги патувања затоа што нема да се сеќаваат на ништо, јас не би се согласила.

Нашето патување на Малдиви со децата беше апсолутно фантастично! Поминавме неверојатно, а децата целосно уживаа.

Неверојатните плажи со бел песок, кристално чистите тиркизни води и прекрасната тропска околина го прават совршена дестинација за семеен одмор.

iva-mateski-od-skopje-za-odmorot-na-maldivi-so-dve-mali-deca-patot-e-naporen-i-trae-24-casa-no-iskustvoto-e-apsolutno-fantasticno-15.JPG

Деновите ги поминувавме пливајќи, нуркајќи, градејќи замоци од песок и едноставно релаксирајќи се во рајот.

Децата се запознаа со океанот и со шарениот подводен свет, имаа можност да видат корали, риби во најразлични бои, ајкули и желки како и многу островски животинчиња - геко гуштери, лилјаци од сортата – голем потковичар и најразновидни егзотични птици.

Ова беше навистина незаборавно и радосно искуство за сите нас. Децата паметат многу настани од патувањето, запознаваат нови земји и различни култури и верувам дека тоа е една предност што ќе им значи нешто подоцна во животот.

iva-mateski-od-skopje-za-odmorot-na-maldivi-so-dve-mali-deca-patot-e-naporen-i-trae-24-casa-no-iskustvoto-e-apsolutno-fantasticno-23.JPG

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Моника и Никола патуваа од Скопје до 3 грчки острови со скутер: „Поминавме 1.800km, ни се запали куф... „На пат кон Атина имавме мало патешествие, кое за среќа нè чинеше само 2 изгорен...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Загорка и Мартин - семејство од Скопје кое секоја година со децата кампува во Грција: „Камперскиот ж... „Се вљубив во камперскиот живот благодарение на мојот сопруг Мартин кога првпат ...
Битолчанката Дивна 13 години работи на брод: „Од аниматор за деца стигнав до директор на одделот, Ма... „Со оглед дека во Македонија беше тешко да се добие работна позиција по завршува...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg